Наука

Ако Адам и Ева биле единствените луѓе, тогаш како се размножувале нивните деца?

Краток одговор:
Дали според ова човештвото на почетокот се размножувало со инцест?
Инцестот не бил присутен на почетокот затоа што проблемот на инцестот, генетски пореметувања кај деца од блиски роднини, е резултат на поклопување на мутирани инфериорни гени кај деца од блиски роднини. Веројатноста за поклопување на мутирани гени кај деца од далечни роднини е драстично помала затоа што гените им се доволно различни. Но брат и сестра имаат прилично исти гени и веројатноста дека кај нивните деца ќе се поклопат и мутираните гени е голема. Но Адам и Ева биле создадени телесно совршени, без мутирани гени и затоа инцест проблемот не постоел на почетокот. Генетската совршеност на Адам и Ева ја гледаме и во нивната долговечност.
Од друга страна, инцестот е забележан кај животните, а особено кај шимпанзата кои според Дарвин се наши далечни братучеди. Така што инцест проблемот не се избегнува ако некој одлучи да верува повеќе на Дарвиновата приказна, со таа разлика што Библијата има објаснување зошто инцестот не бил проблем во почетокот на човештвото.

Денес не е дозволено, со закон, стапување во брак на брат или сестра (и на полубрат и полусестра итн. до трето колено), бидејќи постои недозволено висок ризик нивните деца да се родат со деформитети. Тоа се нарекува инцест.
Постои многу оправдана и лесно разбирлива генетска прична за таквиот закон. Секој човек има две групи на гени, со приближно 130000 парови кои ја одредуваат неговата градба и функција. Секој човек наследува по еден ген за секој пар од родителите. За жал, гените денес содржат многу грешки (поради падот во гревот на човекот) и овие генетски грешки резултираат со најразлични аномајлии (деформитети) кај луѓето.

Колку родителите се подалечни роднини, поверојатно е дека децата ќе имаат различни грешки во своите гени. Тие наследувајќи по една група гени од секој родител, веројатно ќе имаат по еден пар гени што ќе содржат најмногу по еден неправилен ген во секој пар. Немутираниот (доминантен) ген во парот има тенденција да го потисне или надомести мутираниот (рецесивен) ген така што деформитетот нема да се појави. Меѓутоа, доколку брачните сопружници се поблиски роднини, многу поверојатно е дека тие ќе имаат слични грешки во своите гени бидејќи се наследени од исти родители. И кога два мутирани гени ќе се поклопат, нема кој да ја надомести грешката и затоа ќе се појави деформитет. Ете тоа е накратко проблемот со инцестот.

Но, Адам и Ева немале акумулирано генетски грешки. Кога биле создадени првите две човечки битија, тие биле физички совршени. Се што создал Бог било “многу добро” (Битие 1:31, Библијата), така што нивните гени биле совршени – без мутации, без деформитети т.е. без грешки. Но кога гревот навлегол во светот, совршеното создание почнало да се деформира, односно да страда со деформирање, болести, стареење, умирање и распаѓање.
Во таква ситуација, браќа и сестри можеле да стапуваат во заедница со Божјо одобрение, без каква и да е потенцијална можност за создавање на деформирани потомци. Адам и Ева, бидејќи имале речиси совршена генетска структура, многу споро старееле и затоа живееле околу 900 години. За Адам пишува дека живеел точно 930 години. Во текот на овој долг живот, тие имале многу синови и ќерки (Битие 5:4, Библијата), така што Каин си земал за жена една од нив. Ако нашите баби и дедовци имале по 8-9 деца за 50тина години брак, можете да замислите колку деца имале првите генерации луѓе што живееле по 800-900 години. Тоа значи дека за време од само 4-5 генерации, тие веќе биле премногу, раселени по различни области и веќе немало потреба да се земаат брат со сестра или братучетка. Во времето на Мојсеј, дегенеративните грешки се акумулирале во таков обем што се јавила потреба Бог да ја забрани брачната заедница меѓу поблиски роднини (Левит 18:6-18, Библијата)

Од друга страна, инцестот е забележан кај животните, а особено кај шимпанзата кои според Дарвин се наши далечни братучеди. Така што инцест проблемот не се избегнува ако некој одлучи да верува повеќе на Дарвиновата приказна, со таа разлика што Библијата има објаснување зошто инцестот не бил проблем во почетокот на човештвото.

Исто така тука е добро да се спомне дека според поновите научни сознанија во генетиката е откриено дека сите луѓе на планетава поттекнуваат од една жена ткн. „Митохондриска Ева“[2]. Ова е докажано преку митохондриската ДНК која непрекинато се пренесува само од мајката без рекомбинирање. Земени се многу испитаници од сите континенти и покажано е дека сите ја имаат истата митохондриска ДНК со што се докажа дека сите луѓе поттекнуваат од една иста мајка.
На сличен начин, преку Y хромозомот на мажот (кој се пренесува само од татко на син), е покажано дека сите мажи на светов поттекнуваат од еден маж ткн. „Y-хромозомски Адам“ [3]
Еве едно кратко видео за ова од National Geographic.


1. http://www.livescience.com/2226-incest-taboo-nature.html
2. https://en.wikipedia.org/wiki/Mitochondrial_Eve
3. https://en.wikipedia.org/wiki/Y-chromosomal_Adam