Наука

9 аргументи дека Адам и Ева не се мит, туку вистина.

1. Неодамнешните светски генетски истражувања покажаа дека сите моментално живи луѓе на светов потекнуваат од една жена која ја нарекоа Митохондриска Ева (Mitochondrial Eve). Со слично истражување се покажа и дека сите тековно живи мажи, потекнуваат од еден маж кој го нарекоа Y-хромозомскиот Адам (Y-chromosomal Adam).
http://channel.nationalgeographic.com/a-night-of-exploration/videos/scientific-adam-and-eve/

2. Теоријата дека поттекнуваме од некакви си човеколики мајмуни и имаме заеднички предок со шимпанзото е само дел од фантазијата на Дарвин. Никогаш не била докажана, ниту потврдена со некаков научен доказ. Фосилните алки што недостасуваат всушност недостасуваат меѓу сите животински видови, а не само меѓу човекот и шимпанзото. Ова го признаваат многу едуцирани еволуционисти, дури и д-р Стивен Џеј Гоулд (1967-2002) кој бил претседател на палеонтолошкото друштво и друштвото за проучување на еволуцијата во САД и член на националната академија на науките, значи еден од најголемите авторитети во областа на Дарвинизмот.

3. Многу е поразумно и понаучно да се претпостави дека интелигентниот дизајн и високата, нередуцирачка и зависна комплексност што постојат во човековото тело на органско и клеточно ниво се плански создадени од некое супериорно интелигентно битие (Бог), отколку да се претпостави дека сето ова случајно настанало под водство на слепите сили на природата.

4. Информациите што ги содржат ДНК молекулите на 46-те хромозоми кај човекот (3.2 милијарди букви) се еквивалентни на една библиотека од 5800 книги. Ако овие 3.2 милијарди букви ги напишете како една непрекината реченица, таа ќе се протега од северниот пол до екваторот. (1 буква = 3мм)
Ако некој дактилограф, кој просечно куца по 300 букви во минута, се нафати да ја напише оваа реченица куцајќи по 8 часа дневно (без паузи) и 220 работни денови годишно, ќе му бидат потребни 95 години за да ја искуца целата оваа огромна реченица одговорна за секој детал од вашето тело. Што вели вашиот разум? Случајно или создадено?
Д-р Франсис Колинс, кој бил директор на националниот институт за истражување на човечкиот геном и е заслужен за неговото декодирање, многу добро го знаел ова и затоа и бил христијанин.

5. Сите приговори што доаѓаат за оваа сторија најчесто се од неинформирани приговарачи кои немаат доволно ни библиски, ни научни познавања. Нивните приговори ќе ги наведам во наредните точки со кратко образложение.

6. Адам и Ева имале само 2 сина: Каин и Авел. Од каде нашле тие жени? Не е точно. Во Библијата (Битие 5:4) пишува дека на Адам и Ева им се изнародија уште синови и ќерки.

7. Дали според ова човештвото на почетокот се размножувало со инцест?
Инцесот не бил присутен на почетокот затоа што проблемот на инцесот (генетски пореметувања кај деца од блиски роднини) е резултат на поклопување на мутирани инфериорни гени кај блиските роднини. Веројатноста за поклопување на мутирани гени кај далечни роднини е драстично помала. Но Адам и Ева биле создадени телесно совршени, без мутирани гени и затоа инцест проблемот не постоел на почетокот. Генетската совршеност на Адам и Ева ја гледаме и во нивната долговечност.
Од друга страна, инцестот е забележан кај животните, а особено кај шимпанзата[1] кои според Дарвин се наши далечни братучеди. Така што инцест проблемот не се избегнува ако некој одлучи да верува повеќе на Дарвиновата приказна, со таа разлика што Библијата има објаснување зошто инцестот не бил проблем во почетокот на човештвото.

8. Зарем не е понижувачки што Бог ја создал Ева од реброто на Адам?
Бог можел да ги создаде Адам и Ева од што било, дури и само со својот збор – како што го создал целиот Универзум. Причината заради која Бог ја создал жената од дел од телесната материја на мажот е за да го концептуира нивното единство, за да постои еден телесен копнеж и привлечност меѓу нив и за да при бракот тие повторно се соединат во „едно тело“ – што е всушност библиската дефиниција за бракот.

9. Најверодостојните историски извештаи за Исусовиот живот и учење покажуваат дека Исус Христос воопшто не гледал на Адам и Ева како на мит, туку како на реални личности и реална сторија.


1. http://www.livescience.com/2226-incest-taboo-nature.html