Мухамед претскажан во Библијата?
Исламски приговор:
Во хебрејската верзија на Тората сеуште се користи името “Мухаммед“ без било каква двосмисленост. Во песна над песните, поглавје 5, стих 16, пишува : „ Неговиот говор е најпријатен. Тој е голем / славен (Мухаммед), мој миленик и мој пријател.“
Хебрејскиот збор јасно укажува на името Мухаммед, но евреите и христијаните тоа одбиваат да го признаат и инсистираат на тоа дека не се работи за сопствено име, туку епитет кој го опишува Пратеникот, тврдејќи дека тоа име значи “најсакан“. Неговата уста е најслатка(најпријатна) да, тој е најсакан. Тој е мој миленик и мој пријател.“ На кого тогаш би можеле да одговара описот на оној кој ги има доблестите и особините како Мухаммед, Аллаховиот најдраг и најсакан Пратеник?
1. Тората е петокнижието од Библијата т.е. првите 5 Мојсееви книги. Песна над песните не е дел од Тората.
2. Вакво нешто не пишува во ниту еден превод на Библијата. „ Говорот му е сладок и сиот е од љубезност. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки! “ (Песна над Песните 5:16, Библијата – превод на Константинов)
Другиот македонски превод вели: „ устата негова – сладост, и целиот тој е пожелен… “ (превод на МПЦ)
Ревидираниот превод од 2006 година вели „Устата негова е сладост, целиот е прекрасен…“
Контекстот на тој стих е романтично изразување на заљубената девојка која го опишува својот возљубен со убави и слатки зборови. Библиската книга “Песна над Песните” претставува романтична преписка меѓу двајца заљубени (слично на Ромео и Јулија) и е една од најубавите еврејски песни во кои се воспева љубовта.
3. Хебрејскиот збор “מחמד” (макхмадим) кој што е преведен во Библијата како „љубезен“, „прекрасен“, „пожелен“ си значи токму тоа.
4. Понатаму, тоа е придавка, а не лично име. Суфиксот “ים” (им) на крајот не означува никаков респект како што тврдат муслиманите, туку е префикс за множинска форма на придавки кои што се однесуваат на именки од машки род (машка множина – plural masculine). Никаде во Библијата овој суфикс не е користен за лично име. Никаде во стариот завет нема да најдете имиња како Адам-им или Давид-им или Соломон-им итн. Едноставно тој сифукс не се користи за лични имиња, туку за придавки како што е придавката макхмад – макхмадим.
5. Понатаму има полно места во Библијата каде што е употребен овој суфикс за означување на множини на придавки кои што се однесуваат на именки од машки род. Така на пример кога евреите сакаат да кажат „мудар човек“ тие велат: “чакам иш”, а кога сакаат да кажат “мудри луѓе” велат: “чакамим иш”.
6. Понатаму, еврејскиот збор макхмад се јавува 13 пати во стариот завет и секаде е придавка со горенаведеното значење и се однесува на одредена именка и никаде не претставува лично име.
Исламски приговор:
Во Новиот завет Пратениковото, с.а.в.с., име се спомнува на неколку места. Во Евангелието по Јован 16:7, ги наоѓаме Исусовите зборови упатени на неговите ученици: „ Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот (periclytos на грчки) нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам “.
Зборот “утешител“ е превод на грчкиот збор “ paracletos“ кој е употребен како замена на оргиналниот “periclytos“ , а кој одговара на арапскиот збор “ Мухаммед“ или “Ахмед“.
Двата грчки изрази имаат мала разлика во изговарањето и во пишувањето; и со самото тоа препишувачите лесно можеле да менуваат еден во друг збор во одредени верзии. Евреите и христијаните се склони на употреба на искривени верзии.
1. Погрешно. Зборот Paracletos е сосема легитимен збор во коине-грчкиот јазик и значи Утешител, Советник, Посредник. Неговото буквално значење е некој што оди паралелно со тебе (за да те утешува, крепи). Зборот е кованица од зборовите “пара” и “клетос”. Тоа “пара” е истото она што се користи и кај зборот “паралелно”, пример: паралелно движење, паралелни насоки, паралелни прави.
2. Понатаму, зборот Paracletos се појавува 3 пати во евангелието по Јован (Јован 14:16, 15:26 и 16:7) и досега се најдени стотици манускрипти од ова евангелие, а не е најден ниту еден манускрипт каде на некое од овие места е погрешно препишан (како periclytos), а камо ли на сите три места да е направена грешка. Така што овој аргумент едноставно не држи вода.
3. Понатаму, кога Исус го спомнал “Утешителот”, Тој јасно нагласил дека тоа се однесува за Светиот Дух, а не за некаков подоцнежен пророк по име Мухамед:
“а Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сè и ќе ве потсети на сè што ви реков. ” (Исус, ев. Јован 14:26, Библијата)
4. Понатаму, Исус кажал дека Утешителот ќе остане со нас довека, а Мухамед умрел во 632 година.
“И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека” (Исус, ев. Јован 14:16, Библијата)
5. Понатаму, Исус им кажал на учениците да не се оддалечуваат од Ерусалим и да го чекаат Светиот Дух кој ќе дојде не по многу денови.
“И додека беше заедно со нив, им заповеда да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат ветувањето на Таткото, „што го чувте од Мене”: Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу денови!” ” (Исус, Дела 1:4-5, Библијата)
Што е поверојатно да заклучиме од овој стих: дека учениците чекале 50 дена во Ерусалим и дошол Светиот Дух? Или дека учениците чекале до 570 година (околу 197235 денови !!!) во Ерусалим и го дочекале Мухамед? Ајде размислете разумно и бидете искрени пред себе што е поверојатно да биде „не по многу денови“, 50 дена или околу 197235 денови?
6. И можеби најважниот аргумент, Исус јасно кажал дека Божјите Пророци завршуваат со Јован Крстителот
“Законот и Пророците беа до Јован. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство” (Исус, ев. Лука 16:16, Библијата)
Значи според Христос, Божјиот ланец на пророци завршува со Јован Крстител и после него веќе нема Божји Пророци. Има и други цитати во Библијата што го потврдуваат завршување на пророците со Јован Крстител, ама тоа во друга прилика.