Uncategorized – Христијанска апологетика

Дали имало соларна еклипса при Исусовата смрт
Во Библијата пишува дека кога Исус умрел на крстот, настанала 3 часовна темнина сред бел ден. Многу скептици велат дека ова е христијанска измилица. Но интересно е што постојат и нехристијански историски записи за ова чудно затемнување. На пример Самарјанскиот историчар од 1ви век Талус (Thallus) ја забележал оваа темнина и напишал дека тоа било затемнување на Сонцето. Истово го спомнал и грчкиот писател Флегон (Phlegon of Tralles) кој го нарекол ова – најголемото затемнување на Сонцето. Интересното е што и двајцата не ја негирале оваа темнина, туку само се обиделе натуралистички да ја објаснат. Знаеле дека густи облаци не би можеле да предизвикаат таква темнина (а може и не ни било облачно тогаш), па затоа единствено „друго нешто“ што знаеле било затемнувањето на Сонцето. Не знаеле како, кога и зошто се случува овој феномен, но знаеле дека некогаш се случува.

Но денес знаеме и знаеме дека затемнување на Сонцето не може да се случи на полна Месечина. Зошто? Зашто тогаш Месечината е на обратната страна од Земјата, а не помеѓу Сонцето и Земјата. А Пасхата, денот по Исусовото распнување, секогаш се паѓа на полна Месечина. И ова „секогаш“ е без исклучок, затоа што евреите се воделе и се водат по лунарен календар и затоа Пасхата (14ти Нисан) секогаш е на полна Месечина после прва пролетна рамноденица.

Заклучок: Соларна еклипса не можела да биде причина за затемнувањето при Исусовата смрт.

Друга причина заради која што тоа не било можно е фактот што најдолгото затемнување на Сонцето може да трае 7 минути и 31 секунда, а не 3 часа.

А зошто баш Исус, а не другите религии?
1. Исус е историска личност

Исус е личност која што можеме да ја испитуваме и анализираме преку историските записи кои директно или индиректно сведочат за него. Другите богови како Алах, Кришна, Зевс, Амон Ра се фиктивни богови кои не можеме да ги ставиме на историски тест. Со други зборови не можеме објективно да го анализираме нивното постоење надвор од разумот или фантазијата на личноста која зборела за нив, а камо ли пак нивната божественост. Едноставно тие постојат само во кажувањата или пишувањата на оние кои збореле или пишувале за нив. Додека Исус лично дошол на Земјата во човечко тело, влегол во историјата на човештвото, чекорел меѓу луѓето и за него пишувале Неговите непосредни ученици, а го спомнале и видни римски и еврејски историчари од 1ви век како што се Тацит, Јосиф Флавиј, Плиниј Помладиот, Светониј, Целзо, потоа и во Талмудот, во пишувањата на Папиј и во многу други дела од 2ри век.

2. Исус ја докажал Својата божественост на неколку начини:

2.1. Со тоа што исполнил многу пророштва од стариот завет на Библијата напишани неколку стотини години пред Тој да се роди. Другите „свети книги“ (Куранот, ведите во хиндуизмот, пишувањата на Буда) воопшто не ни содржат пророштва. Не можат да си го дозволат таквиот луксуз бидејќи неисполнетото или лажното пророштво би значело користење на книгата за потпалок на огнот.

2.2. Со тоа што направил многу натприродни чуда какви што се очекува од Некој што има божествена природа. Ниту современите, ниту подоцнежните остри противници на Исус не ги негирале Неговите чуда. Никој не го обвинил Исус дека прави лажни чуда, трикчиња или сл. Исус велел дека чудата се Божја потврда дека Тој е Божјиот Син, а Неговите противници сакајќи да го негираат тоа, тврделе дека Исус ги прави чудата преку принцот на демоните – Белзебул (ѓаволот, буквално: „Господар на мувите“). Грчкиот писател Целзо (исто така остар противник на христијанството) кој што пишувал на почетокот од 2-от век, без да приложи некакви аргументи, тврдел дека Исус во раната младост бил во Египет и таму научил некои магии и демек со помош на овие магии ги правел чудата. Со ова Целзо сакал да ја дискредитира божественоста на Исус и да го прикаже како некој маѓепсник. Евреите, кои исто така биле и сѐ уште се големи противници на христијанството, во својата света книга „Талмудот“ потврдуваат дека Исус правел „магии“ (Санхедрин 43а). Секој разумен противник на Исус би ги негирал Неговите чуда, а не да им дава поинаква интерпретација. Еврејските религиозни водачи не биле наивни и лековерни луѓе. Тие биле паметни, итри, писмени и снаодливи за да стигнат до позиции на водство.

Од друга страна, еве да го земеме за пример Исламот. Во Куранот нема ниту едно исполнето пророштво, а Мухамед не направил никакво чудо. Сè што имате е една влијателна и моќна личност кој тврдел дека му се објавувал ангел и му го диктирал Куранот, без никакви сведоци. При тоа исламот се шири со војна и меч, а не со проповедање и презентирање некакви докази дека Мухамед е од бога испратен пророк.

Од друга страна, дури и во Куранот се спомнуваат некои од чудата на Исус, но не се спомнува ниту едно чудо што го извршил Мухамед. Од тоа, јасно следи дека Мухамед не можел да ги негира евидентнтие чуда на Исус во кои што многумина верувале, а од друга страна не можел ни да си припише на себе си чуда што не ги направил и за кои што би немал сведоци да ги потврдат. Исус на пример, го воскреснал 4 дена починатиот Лазар пред очите на цело село кое го оплакувало. Исус направил човек слеп од раѓање да прогледа. Значи не некој привремено заслепен трговец кој бил на поминување во Ерусалим (за кој би немало силни докази дека навистина бил слеп), туку Исус ги отворил очите на човек слеп од раѓање кој со години седел и просел пред најпрометното место (Храмот) во тогаш најпопуларниот град во Јудеја – Ерусалим и сите знаеле дека тој е слеп од раѓање. Немало простор за измама и режија. Чудата на Исус биле недвосмислени чуда и затоа многу луѓе поверувале во Него.

3. Исус воскерснал од мртвите.

Ниту еден од другите основачи на вери или „Божји пратеници“ се нема вратено од мртвите. Ниту еден од оние кои што објавувале некои свои апстрактни или трансцедентни богови не бил потврден со некое јавно објективно чудо, а камо ли па да бил воскреснат од мртвите. Гробот на Буда се знае каде е. Гробот на Мухамед исто. Итн.

Докази за Христовото воскресение има повеќе. После првиот Велигден започнало едно силно движење на христијани кои почнале од Ерусалим па полека кон целата Римска империја да проповедаат дека Христос воскреснал и дека го виделе жив. Евреите и римјаните ова движење воопшто не го сакале и со грдни маки се обидувале да го задушат, прогонувајќи ги христијаните. Некои биле спалени на клади, фрлени во арени и распарчени од лавови. Сепак, доколку Исус не воскреснал, римјаните можеле многу лесно да го сопрат ова „еретичко движење“. Сè што требало да направат еврејските религиозни водачи или римјаните е да го земат Христовото тело, да го стават на еден коњ и да го прошетаат низ улиците во Ерусалим. Христијаните ќе го виделе, ќе се разочарале и ќе си отиделе засрамени по домовите. Можеби пред тоа некои би отишле да плукнат на Христовиот гроб затоа што биле мамени неколку години од тој „лажен Месија“. Христовото тело очигледно го немало.

Можеби некој ќе рече: „Епа ок де, христијаните го украле Христовото тело и го сокриле некаде и затоа Римјаните не можеле да го најдат.“

Но и оваа теорија на заговор е на климави нозе. Тука се поставува прашањето: Кој би умрел за лага? Дали ти би се осмелил прво да го ризикуваш животот за таква измама, а потоа самиот да се убедиш во сопствената лага дека Исус воскреснал и да ја проповедаш таа лага до смрт? Па дури и луд човек кога ќе почне да му гори огнот под нозе ќе почне да вреска: абе се шалев, не го видов Исус воскерснат, јас го земав Христовото тело и го сокрив позади шталата.

И не бил само еден што тврдел дека го видел Исус воскреснат туку тоа биле стотици луѓе за кои Павле (некогашниот прогонител на христијаните и очевидец на воскреснатиот Исус) тврдел дека околу 500 луѓе го виделе Исус воскреснат и многу од нив биле живи во времето кога тој го пишувал тоа. Значи Павле со други зборови им вели: „Еве, ако не ми верувате, прашајте ги нив. Ова не се случи во некоја штала или во некој скриен агол, туку е нешто јавно и видено од стотина луѓе достапни за скептиците.“

Многу луѓе, инспирирани од теориите на заговор или научно фантастичните филмови, измислуваат разни теории што алтернативно би можело да му се случи на Христовото тело. Тоа е така бидејќи тие тргнуваат од премисата дека воскреснување по дифолт не е возможно и дека мора да постои „реално“, небожествено (бидејќи не веруваат во Бог), лукаво објаснување за таа случка. Сепак кога ќе се земат предвид мотивите било на пријателите или непријателите на Исус, ниедна од овие теории не држи вода. Ниедна теорија не може да објасни како тоа стотици евреи (лојални на Јудеизмот) за кратко време се „мрднуваат со умот“ и наспроти крвавите прогонства од нивните сонародници (евреите) и окупаторите (римјаните) почнуваат да велат дека го виделе Исус воскреснат, меѓу кои бил и угледниот Павле. Евреи кои до вчера би каменувале некого до смрт ако се наречел „бог“, сега се спремни да умрат заради својата вера дека Исус е Бог.

4. Исус реално го објавува Бог како грижлив и засегнат Создател на луѓето.

Човештвото реално има проблеми – злото во нас, гревот, убивање, уништување, болести и смрт. Ако утре нашето дете падне во дупка, ние нема одозгора да му солиме памет, нема да му кажуваме филозофии, нема да му покажуваме како да медитира и со свеста тоа психички да се издигне над таа дупка. Нема ни да му фрлиме сет заповеди и правила како да не паѓа во дупка. Нема ни да му мафтаме со камшикот одозгора и да му се закануваме што ќе следи ако утре пак падне во дупка итн. Секој разумен и совесен родител, прво ќе се симне во дупката, ќе го/ја земе детето, ќе го извади од таму, ќе му ги исцели раните и потоа со љубов ќе го советува како да се движи без да падне пак во дупка.

Извинете што пак ќе го спомнам Исламот за пример, но таму бог има 99 имиња, но ниедно од нив не е „татко“. Бог е далечен, дистанциран од луѓето, а тие се наречени буквално негови робови. Епа Исус ни го објави Бог како „Татко небесен“. Бог преку Исус дојде меѓу своите деца да ги извади од дупката на гревот. Скоро во сите религии луѓето му жртвуваат жртви на Бог. Во христијанството Бог се жртвуваше за луѓето. Бог преку Исус ја покажа најголемата љубов кон човештвото што Тој се жртвуваше за луѓето да се спасат од гревовите и вечната смрт. Тука веќе има нешто поинакво. Такво нешто се очекува од Бог кој е Создател на луѓето (наш небесен Татко). Ако земните родители се спремни животот да го дадат за своето дете затоа што неизмерно ги сакаат, колку повеќе се очекува од Бог кој е Авторот на љубовта да го направи истото? Епа Исус го направи токму тоа – се жртвуваше за нашите гревови на крстот, за да не мора ние да поминеме низ тоа на Судниот ден. Другите вистини погоре го допираат нашиот интелект, разум и логика, но оваа вистина го допира срцето и гласно му вели: „Да, тоа е вистинскиот Бог.“

Во што веруваат атеистите?
Постои едно лаичко мислење дека атеистите не веруваат во ништо. Тоа е погрешно. Тоа што некој не верува во Бог, не значи дека не верува и во други работи. Уште повеќе, со самото тоа што некој не верува во Бог, автоматски е принуден да верува во други работи – кои неопходно следат од неверувањето во Бог. На пример…

Атеизмот е вера во натурализмот. Поради тоа што атеистите априори го исклучуваат постоењето на Бог, тие се принудени да веруваат во сите натуралистички хипотези за постанокот на Универзумот и животот. Па така атеистите веруваат дека целиот овој Универзум (со целиот негов дизајн и комплексност) настанал… случајно. Едно време веруваа дека тој не настанал т.е. дека си постоел отсекогаш. Но потоа излезе теоријата Big Bang која вели дека морал да има почеток, така што денешното популарно гледиште е дека Универзумот е стар 13.7 милијарди години. Некои атеисти веруваат дека пред Big Bang постоел и друг универзум. Некои веруваат во паралелни универзуми. Сеедно, ништо од тоа не е научно докажано и е во доменот на верата и научната фантастика, а овде само би го потенцирале зборот „веруваат“ кој намерно во оваа статија за да се потенцира неговото значење и да се разобличи лаичката премиса дека тие не веруваат во ништо.

Понатаму атеистите веруваат во абиогенеза – хипотеза дека животот настанал исто така со самоорганизирање на слепите хемиски соединенија водени од слепите сили на природата – иако тоа не било покажано со ниту еден единствен експеримент во науката, откако постои науката! Доколку почнете да истражувате и да пресметувате колкава е веројатноста (т.е. неверојатноста) за случајно комбинирање на постоечки амино киселини со цел да се создаде еден ензим, протеин или пак од нуклеинските киселини да настане ДНК молекула, ќе видите дека веројатноста е милијарди милијарди помала од таа слеп човек да погоди непозната атом кој што се наоѓа на ивицата од Универзумот. Сепак атеистите фанатично веруваат во таа неверојатна веројатност. Зошто? Аатоа што мораат да веруваат во тоа, бидејќи Бог нели априори не постои и според натуралистичкиот светоглед тоа морало да настане случајно.

Некои атеисти, соочени со овој факт, за да не бидат сметани за „фанатични верници во неверојатноста“, пробуваат да ја заобиколат неа, верувајќи во панспермија – верување дека животот бил донесен од некоја друга планета или од некоја друга галаксија. Но ова не го решава проблемот со неверојатноста, туку само го премостува на друго место. Тука се поставува прашање: Ако на Земјата животот бил донесен од планетата X, тогаш како настанал животот таму? И таму морал некако да настане нели? Ако и таму бил донесен од некоја трета планета Y, како пак настанал таму? Животот морал некаде некако да настане или да биде создаден. Не можете од тоа да изебгате. Веројатноста никаде нема да биде на страната на натурализмот.

Понатаму атеистите веруваат дека моралот кај човекот е општествена конструкција и дека е релативен. Со други зборови не постои апсолутен морал, не постои апсолутно „не убивај“, „не кради“, „не силувај“ итн, туку ние луѓето сме се договориле дека тоа е „лошо“ за општа полза. Тие мораат така да веруваат, бидејќи ако веруваат во апсолутен морал, тогаш тоа подразбира и Некој што го дефинирал моралот, некој што рекол дека не е ок да се убива, да се повредува, да се изневерува, да се краде итн. Јаглеродот, азотот, кислородот, водата, молекулите, атомите, не го велат тоа. Тие немаат свест, ни морал, ни емоции, ни ништо.

Атеистите веруваат дека и „доброто“ и „злото“ се општествени човечки измеслени категории. Со други зборови, не постои апсолутно добро или зло. Смртта и убиството се само дел од природната селекција, дел од животинскиот синџир. Силувачот и педофилот си делуваат согласно своите нагони и се што прават е прекршување на човечко поставените норми во општеството. Со други зборови луѓето се тие кои ја нарекле педофилијата лоша, а хуманизмот добар. Во друга цивилизација на друга планета, може комплетно тоа да биде и обратно. Од атеистичка перспектива, релативи-стите немаат никаква стабилна основа да кажат дека она што Хитлер го направил е апсолутно зло. Според нацистичкиот вредносен систем на Хитлер и неговите истомисленици, создавањето на ариевската раса, геноцидот на евреите и истребувањето на одредени нации и подгрупи на луѓе се сметало за „добро“, за доблесно делување, за нешто што го води човештвото кон прогресивен развој.

Атеистите веруваат дека љубовта, радоста, тагата итн. се само хемиски реакции во мозокот. Одредени јаглеродни атоми разменуваат електрони со водорот или кислород и вие чувствувате љубов. Толку. Нема духовни категории. Се е материја, енергија. Солзите се само солена вода плус некои соединенија, продукт на хемиски реакции предизвикани од некакви си таканаречени “емоции” итн.

Некои атеисти тврдат дека веруваат само во она што е „научно докажано“. Ова е само-противречно тврдење, бидејќи таа изјава не е научно докажана. Едноставно побарајте им научен доказ за таквата изјава и уживајте. Од друга страна, научниот метод има ограничена моќ и опсег на докажување. Тој не може да одговори на суштинските прашања што си ги поставува секој човек (кој е мојот идентитет, зошто постојам, која е смислата на животот, дали постои духовен свет, дали јас имам дух кој ќе продолжи да постои по смртта на телото). Така што за овие прашања, и теистите и атеистите и агностиците… – веруваат.

Понатаму, атеистите веруваат дека свеста и нашето размислување се исто така само од материјалистичка природа, хемиски реакции во мозокот на кои што ние не можеме да влијаеме, туку истите се подлежат на природните причинско-последични закони. Така што, според атеистите, ти само си мислиш дека твојата свест реално постои и ти само си мислиш дека „размислуваш со своја глава“, но всушност додека го читаш ова, во твојот мозок се создаваат некакви водородни и ковалентни врски помеѓу водородот, азотот, јаглеродот итн. и тие прават ти да се согласуваш или не се согласуваш со ова, да ти е смешно, или пак да ти е језиво ова.

Повеќето атеисти веруваат и дека смртта е апсолутен крај за човекот, дека со смртта завршува нашето постоење, нашата свест исчезнува, престануваме да постоиме.

Мнозинството атеисти исто така не веруваат во постоење на машко и женско, туку веруваат во постоење на стотина флуидни ткн. „родови идентитети“ и десетици сексуални ориентации. Ова се верувањата на популарната ЛГБТИ идеологија – во која најмногу веруваат атеистите. Зошто баш атеистите најмногу? Епа, доколку веруваш дека Некој интелигентен Создател, плански и промислено го создал мажот да биде маж, а жената – жена, тогаш нормално е да не веруваш во ЛГБТИ идеологијата. Но доколку не веруваш дека си планска и интелигентна креација, тогаш се во тебе е случајно, неплански и бесцелно, па затоа и ќе веруваш дека твоите органи и твојот род се она што ти ќе си одлучиш да бидат.

Секако, атеизмот не е систематизирана и формална организирана религија и немаат заеднички систематизиран канон на доктрини и верувања, но сепак како што видовме погоре има одредени заеднички верувања – кои едноставно автоматски произлегуваат од неверувањето во Бог. Секако дека секој атеист си има и свои индивидуални верувања, претпоставки, сомнежи итн. Но истото важи и за теистите. И тие не се согласуваат во се со другите теисти и секој теист си има свои индивидуални верувања.

Парадоксот на Епикур
Знам дека ви е смешно името, ама фокусирајте се на содржината.

Оваа e популарната логичка грешка на Епикур – Atheism of gaps или атеизам од празнини во знаењето, атеизам извлечен од прашалниците, од непознатото, од магловитото. Тој не знаејќи зошто постои зло во светот и зошто Бог не го елиминира веднаш, извлекува заклучоци за Бог дека не е семоќен, дека е лош итн. Ова му делува слично како порано кога луѓето се чуделе зошто „паѓаат ѕвездите“ па си претпоставувале можни причини:

1. Веројатно не се добро залепени на небесниот свод

2. Тоа се светулки кои умираат и паѓаат

3. Тие се поврзани со луѓето. Кога некој човек умира, неговата ѕвезда паѓа.

Гледате, тие не знаеле за метеори, ниту за нивното согорување во атмосферата и затоа од незнаењето претпоставувале нешто од овие погоре.

Или пак друг пример: Мало дете седи во амбуланта, чека да добие инекција и си вели: Да постоеше мајка, немаше јас да го трпам ова мачење. Изгледа оваа жена не ми е мајка. Или пак мојата мајка е лоша и сака да ме мачи. Не е точно дека јас морам да добијам игла во газето! Ете она детето пред мене не го боцкаа, значи не мора, ама мене ме мачат садистички!

Во логиката заклучоците се извлекуваат на следниов начин:

Ако p тогаш q

Но она што Епикур го направил е следново:

Ако ? тогаш q

Ова е логичка недоследност. Од прашалници не се извлекуваат заклучоци. Тоа што ние во моментот можеби не ја знаеме целосно причината зошто Бог допушта зло и не интервенира веднаш, тоа не значи дека треба да избрзуваме со заклучок и од нашето незнаење да тврдиме дека Бог не постои. Тогаш би биле слични како примитивните антички пагани кои не знаејќи која е причината за громот си измислувале бог на грмотевиците за да им ја пополни празнината во знаењето. На сличен начин некој може и немањето одговор на ова и слични прашања да го пополни со атеизам и да рече „е тоа е така затоа што нема Бог“. Значи како што има „богови“ кои пополнувале празнини во знаењето (God of gaps), така има и атеисти кои ги пополнуваат дупките во знаењето со атеизам (Atheism of gaps). Ни едното ни другото не е добро. Ние треба да извлекуваме заклучоци од тоа што го знаеме, од откриените факти за реалноста, а не од она што не го знаеме, од непознатото или од прашалниците.

Злото не е некоја црна прашина по улиците што Бог треба да ја зачисти. Злото е во нас луѓето. Ние сме злото. Библијата јасно говори дека нема безгрешен човек. Исус рекол: „Никој не е добар, освен единиот Бог“ (ев. Лука 18:19) Рускиот писател и нобеловец Александар Созеницин рекол дека „линијата што го раздвојува доброто од злото не поминува низ држави, класи, ниту политички партии, туку низ секое човечко срце“. Ако Бог денес одлучи да го уништи сето зло, колку од нас ќе останат живи? Некои мислат дека Бог треба да ги уништи само оние како Хитлер, Сталин, некои сериски убијци или педофили. Тоа што ќе посочиме некои, условно кажано, „полоши“ луѓе од нас, тоа не нѐ прави нас подобри воопшто. Во нашата околина можеби постојат луѓе кои кога би имале половина од власта и моќта на Хитлер, би убиле двојно повеќе од него.

Но Библијата вели дека Бог не ја сака смртта на грешниците, туку сака тие да се покајат од злото и гревовите и на тој начин да се спасат од вечната смрт. Можеби ќе звучи малку чудно, но главната причина зошто Бог не го уништува злото веднаш е токму љубовта кон човештвото. Затоа и Божјиот Син – Исус дојде во овој свет меѓу грешните и зли луѓе и доброволно вкуси голем дел од страдањето, со цел да нѐ спаси нас и да постави основа на која ќе може да го уништи злото, а сепак да го помилува злиот грешник (јас и ти) кој ќе се покае од гревовите и ќе го прифати Божјото спасение преку Исус.

И за крај да се навратиме на прашањето на Епикур. Да Бог ќе го уништи злото и ќе стави крај на страдањето, но во Божјо време и на Божји начин. Не ги знаеме сите причини зошто тоа не е СЕГА и ВЕДНАШ, освен таа причина што ни е откриена во Свеото Писмо – Божјата љубов кон грешниот човек.

Атеизам на празнините
Во антички времиња, примитивните луѓе не знаејќи ли не можејќи да си ги објаснат некои природни појави, празнините во знаењето ги пополнувале со „бог“. Така на пример, се чуделе како Сонцето гори, но никако да догори како што догорувал и огнот што го палеле навечер. И си велеле: „Ова на небото свети и топли исто како огнот, значи е оган. Ама не знаеме зошто не догорува. Тогаш мора да е некој бог што му дава енергија. И така тоа незнаење го пополнувале со „Бог на Сонцето“ (Амон Ра). Не знаеле како се појавува грмотевицата, па таа празнина ја пополниле со „Бог на грмотевиците“ (Перун). Не знаеле зошто се случуваат земјотресите, па си верувале дека некој Бог ја тресе земјата итн. И така си создавале она што денес го викаме „Бог на празнини“ (God of gaps).

Слични логички грешки прават денес и атеистите кога не знаејќи или не можејќи да си ги објаснат некои теолошки прашања, празнините во знаењето ги пополнуваат со „атеизам“. На пример велат: „Ако постои Бог, тогаш од каде злото? Зошто Бог не го уништи злото и страдањето? Зошто Бог го создал ова овака, а не онака? Зошто Бог вака делувал во оваа ситуација или зошто во онаа ситуација не делувал воопшто? Ете, значи Бог не постои!“. Значи овде имаме атеист што не знае од каде е злото и страдањето и зошто Бог не го прекинува веднаш и од тоа незнаење (научна/теолошка празнина) тој извлекува заклучок.

Значи како што има верници кои пополнуваат празнини во знаењето со богови (God of gaps), така има и атеисти кои ги пополнуваат дупките во знаењето со атеизам (Atheism of gaps). Ни едното ни другото не е добро. Ние треба да извлекуваме заклучоци од тоа што го знаеме, од откриените факти за реалноста, а не од она што не го знаеме, од непознатото, од магловитото или од прашалниците.

И атеистите се вознемируваат при колнење
На универзитетот во Хелсинки направиле интересен психолошки експеримент со кој верувам покажале дека атеистите длабоко во себе сепак стравуваат од постоењето на Бог и покрај нивното негирање, навредување и потсмевање на Бог. Поканиле 16 атеисти и 13 верници да изговорат 36 изјави групирани во 3 сета.

Во првиот сет изјави требало гласно да го предизвикаат Бог да направи лоши работи. На пример: „Го предизвикувам Бог да направи некој да ги убие грозоморно моите родители.“

Вториот сет прашања биле исто така неморални, но без да се спомнува Бог (пр. „Ок е да ги запалиш бездомниците“).

Третиот сет прашања биле неутрални (пр. „Ок е да носиш наочари“).

Верниците одговориле дека им е непријатно да ги изговорат изјавите каде што го предизвикуваат Бог за лоши работи, а атеистите одговориле дека не им е непријатно бидејќи нели според нив Бог не постои. Но, и на едните и на другите со електроди на двата прста им било мерено нивото на стрес и емоционална вознемиреност при изговарањето на изјавите.

Експериментот покажал зголемена емоционална вознемиреност и кај атеистите додека ги изговарале првиот сет изјави (каде што го предизвикуваат Бог за лоши работи) – и покрај тоа што одговориле дека не им е непријатно. Со други зборови, свесно или несвесно, атеистите не биле искрени за тоа дека не им е непријатно кога го предизвикуваат Бог за лоши работи. Интересно е тоа што ова емоционално вознемирување кај нив било поголемо и од вториот сет изјави каде само се изговараат неморални изјави без да се спомнува Бог. Со тоа била исклучена можноста дека емоционалното вознемирување се должи на негативните мисли.

Кај верниците исто така се покажала поголема емоционална вознемиреност на првиот сет прашања – што било конзистентно со нивната изјава дека тоа им е непријатно.

Овој експеримент е согласен со учењето на Библијата каде што се вели дека целото создание сведочи за Бог и атеистите немаат изговор за својата невера во Бог (Римјаните 1-во поглавје, Библијата).

Извор од студијата:

https://www.researchgate.net/publication/271670348_Atheists_Become_Emotionally_Aroused_When_Daring_God_to_Do_Terrible_Things

Холивудските лаги за ѓаволот и демоните
Холивуд сака неверниците да ги убедува дека ѓаволот и демоните не постојат, а пак на верниците им прикажува лажна претстава за нив, лажна моќ на ѓаволот и демоните, лажни начини на кои тие напаѓаат и лажни методи со кои треба верниците да се бранат од нив. Зарем не е тоа одлична лукава воена стратегија?

1. Лажната моќ на ѓаволот и демоните

Холивуд ги прикажува ѓаволот и демоните како моќни и страшни суштества, како некои кои имаат моќ само за 1 милиметар помала од Бог. Затоа и при ткн. постапка „егзорцизам“ свештеното лице заедно со Бог се натегаат со ѓаволот 10-15мин, пола саат, цел филм, па се тегнат, влечат, па во неизвесност е кој ќе победи и сл. Каде во Библијата сте виделе вие Исус или апостолите пола саат да се натегаат, пењават, надвикуваат или да мољакаат некој демон да излезе од некој човек? Само кажуваат збор и демонот веднаш дим да го нема. Во посланието на Јаков 2:19 (од Библијата) пишува дека демоните веруваат во Бог и треперат. Кога последен пат сте трепереле од страв за нешто? Епа толку демоните се плашат од Бог.

2. Лажна претстава на ѓаволот и демоните

3. Холивуд нѐ лаже дека ѓаволот личи на некое страшно гадно чудовиште, со рогови, опашка, гребло во раката итн. Но Библијата вели дека тој и неговите слуги се преправаат како ангели на светлината (2 Кор. 11:14, Библијата). Тоа значи дека тие може да делуваат и преку хуманитарци, политичари, „миротворци“, светци, друштва за заштита на жените, хендикепираните, животните, ЛГБТ здруженија, познати глумци, пејачи, пастори, проповедници, монаси, мисионери итн.

3. Лажни методи на заштита од ѓаволот и демоните

Холивуд исто така претставува лажни методи со кои верниците треба да се бранат од ѓаволот. Демек ако му покажеш крст на ѓаволот, тој ќе избега. Да се потсетиме дека ѓаволот го искушуваше Исус и на самиот Голготски крст за да се симне од таму, да не ја плати казната за гревот. Ако не се плашел од Голготскиот крст заедно со Исус на него, зошто мислиш дека ќе се плаши од твоите две стапчиња споени во вид на крст?

Понатмау прскање со „света вода“. Тука се создава мит и култ на осветување на вода, која наводно добива некаква натприродна моќ и со попрскување на опседнатиот – ѓаволот бега од него.

Потоа му читаш на ѓаволот од Св. Писмо и тој аааааа достааа, не можам да го слушам тоааа, ок еве си одам чаоооо. Абе ајде? Ѓаволот го знае Св. Писмо на памет и ништо ново нема да му кажеш ти. Потсети се како ѓаволот го искушуваше Исус во пустината со цитирање пасуси од Св. Писмо.

4. Холивуд: Плаши се и бегај од ѓаволот!

Холивуд исто така нѐ учи дека ние треба да се плашиме од ѓаволот и демоните. Тоа е целта на хорор филмовите. Библијата го вели токму обратното – дека треба да имаме страв само од Бог, а во релација со ѓаволот вели:

„Спротиставете му се цврсти во верата“ (1 Петрово 5:9, Библијата)

„Покорете Му се на Бога; а спротиставете му се на ѓаволот и тој ќе побегне од вас.“ (Јаков 4:7, Библијата)

Забележувате на кого се однесува глаголот „бега“? Тој ќе побегне од вас, а не вие да бегате од него – како што тоа не учи Холивуд. Цврсти во верата значи да не ги веруваме овие лаги кои тука се разобличени и цврсто да веруваме дека Исус има неспоредливо поголема моќ и власт од ѓаволот и во Исусовото име тој инстантно бега со треперење и цвикање.

5. Холивуд: Ѓаволот е Господар на пеколот

Холивуд го претставува пеколот како некое Царство, а ѓаволот како негов господар кој седи на престелот таму со гребло или мешкалка во раката со која тој ќе ги меша луѓето додека се крчаат во казаните со лава. Наспроти ова Библијата вели дека пеколот е еден вид „огнено езеро“ подготвено за ѓаволот и демоните (ев. Матеј 25:41, Библијата). Така што тој прв ќе биде фрлен во дното на огненото езеро, па демоните, па потоа непокајаните луѓе.

6. Единственото и моќно оружје на ѓаволот

Она што Холивуд, многу ретко или никогаш не го спомнува е тоа дека единственото и многу моќно оружје на ѓаволот е: ЛАГАТА. Исус го нарекува лажго и татко на лагата, кој лаже од самиот почеток и дека кога зборува лага – тој зборува од своето (ев. Јован 8:44, Библијата). Секоја интеракција на ѓаволот во Св. Писмо е лага. Зборот ѓавол буквално значи клеветник, измамник. Тој со лага ги заведе и Адам и Ева да го направат првиот грев. И како што постои една вистина и илјадници лаги, затоа и постојат илјадници религии, верувања, филозофии, спиритуални книги, секако тука вклучувајќи ја и пропагадната машинерија на Холивуд со која ѓаволот и демоните ги заведуваат луѓето и ги држат во заробеништвото на лагата, со високо комплексни и систематизирани лаги. Затоа Исус вели: „Ќе ја дознаете вистината и вистината ќе ве ослободи.“ (ев. Јован 8:32, Библијата)

„Господовиот слуга… да ги воспитува со кроткост оние кои се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за полно познавање на вистината, за да се отрезнат од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја исполнуваат неговата волја“ (2 Тимотеј 2:26, Библијата)

Забележете во цитатов дека отрезнувањето од „мрежата на ѓаволот“ се случува во релација со полното познавање на вистината. Оттука следи дека „мрежата на ѓаволот“ е еден вид матрица на лаги кои ги верува човекот.

Ако за нешто можеме да му симнеме капа на ѓаволот – тоа е лагата. Тука му нема рамен. Со илјадници години искуство во теоријата и праксата, со право ја заслужува Исусовата титула: „Лукавиот“. Затоа и сите горни точки се поврзани со лаги за самиот тој и за неговото делување.

Вистина е дека луѓе кои се бават со спиритизам, комуникација со демони, му вршат поклонување или обожавање на Сатаната, можат да бидат и телесно опседнати од демони. Но Лукавиот најчесто опседнува луѓе со лаги. Колку повеќе и подлабоко вкоренети лаги некој човек има – толку е тој/таа поопседнат од ѓаволот, од неговата мрежа. Со тие лаги луѓето наштетуваат и на други луѓе и на самите себе. На пример, опседнатата девојка што стои на балконот и собира храброст да се фрли, таа има неколку ѓаволски лаги засадено во нејзината глава:

Не сум вредна за љубов

Не сум вредна за никого

Никој не ме сака

Овој живот нема смисла

Немам причина да продолжам да живеам

Бог или не постои или не му е гајле за мене

Итн.

Всадете и вистина во главата на оваа девојка дека таа е вредна за љубов, љубена, дека животот има смисла, дека има причина зотшо да живее, дека Бог постои и ја сака и има план за нејзиниот живот и на тој начин вие сте ја ослободиле од „демонското влијание преку лагите“ и таа нема да се фрли доле, туку со солзи радосници ќе ви се фрли во прегратка.

„Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта.“ (1 Петрово 5:8, Библијата)

Да можеше ѓаволот да „проголта“ било кого, тој немаше да бара. Тој бара луѓе оддалечени од Бог, одалечени од христијанско заедништво, од молитвата и Божјиот Збор, луѓе кои лесно се подведуваат по световните искушенија (страстите, славата, моќта, гордоста), луѓе кои како сунѓер ги впиваат неговите лаги – воглавно емитирани од неговиот омилен храм – Холивуд.

Препораки за слушање:

TIM KELLER 2017 – The Strategies of Darkness

Spiritual Warfare – Timothy Keller [Sermon]

Дали е погрешно христијаните да пијат алкохол?
Дали е погрешно христијаните да пијат алкохол?

И да и не. Легализмот има тенденција да ги прави работи или добри, или лоши. Црно или бело и никако помеѓу. Но во реалноста не е така. Дали храната е лоша? Не, но ако се прејадуваш – да. Дали лекарствата се лоши? Не, ама со повеќе дијазепами може у кома да паднеш. Дали чеканот е лош? Не, освен ако не треснеш некого по глава со него. Ако претерате и со вода можете да повратите.

Виното – синоним за благослов во Стариот Завет

Слично е и со алкохолот. Во Библијата виното на многу места е спомнато како синоним за благослов и Божји дар за човекот, но сепак се осудува претераното негово консумирање.

„Бог нека ти даде роса од небото и плодност на земјата: изобилство на жито и вино.“ (Битие ‭27:28‬)

„Израел живее во безопасност, а Јаковиот извор во земјата на житото и виното, каде небесата дождат со роса.“ (ВтЗакон. 33:28‬)

„Ти (Боже) правиш да никне трева за добитокот, и зеленчук за потребите на човекот, за да вади леб од земјата. И вино, што го развеселува човечкото срце; да го освежи лицето со масло, и лебот да го зајакне човековото срце.“ (Псалми‬ ‭104:14-15‬)

Господ, преку пророкот Исаија, навестувајќи им го Новиот завет за благодатта во Исус Христос, им пророкуваше на луѓето вака:

„О сите вие кои сте жедни, дојдете при водите; ако и немате сребреници, дојдете, купете и јадете. Да, дојдете, купете вино и млеко, без сребреници и без плаќање!“ (‭‭Исаија‬ ‭55:1‬)

Други цитати: ‭‭Јоил‬ ‭2:23-24‬, ВтЗакон. ‭14:26‬, Проповедник 9:7

Иако од контекстот горе јасно е дека станува збор за алкохолно вино, сепак виното е јасно дистанцирано од „сокот од грозје„ во заветот за назирејство каде назиреите не смееле да пијат ниту вино, ниту сок од грозје:

„Господ му рече на Мојсеја: „Зборувај им на Израелевите синови и кажи им: ‘Ако некој, било маж или жена, се заветува за назирејство па ако Му се посвети на Господа, нека се воздржува од ВИНО (јахин) и од секаков жесток пијалок. Нека не пие ни скиселено вино, ниту скиселен опоен пијалак; а нека не пие ни некаков СОК ОД ГРОЗЈЕ (мишра анавим), нека не јаде грозје, ни свежо ни суво.“ (‭‭Броеви ‭6:1-3‬)

Виното во Новиот Завет

Првите христијани пиеле вино

Павле ги укорил христијаните во Коринт бидејќи кога се собирале за Господовата вечера (причеста), некои од нив се опивале од виното. Внимавајте тој не ги укорува зошто користеле вино во причеста, туку дека претерувале во јадењето и пиењето. (‭‭1 Коринќаните‬ ‭11:20-24‬)

Кога слегол Светиот Дух на празникот Педесетница, Христовите ученици почнале да зборуваат на други јазици и собраните луѓе почнале да зборуваат дека овие се напиле слатко вино. Апостол Петар во одбрана не рекол дека овие луѓе не пијат вино, туку дека не се пијани бидејќи едвај е третиот час од денот. (Дела 2:15)

Во Новиот завет, виното не е забрането во потполност, дури и за епископите т.е. старешините и за ѓаконите. Интересно е тоа што, во квалификациите за водач на црква, Павле не го користи зборот „да не пие вино“, туку „да не се опива“ т.е. „не смее да е пијаница“ (1 Тим.3:3, 8, Тит 1:7). 1 Тимотеј 1:8 не вели да не пијат вино, туку да не пијат МНОГУ вино. Апостол Павле му пишал на Тимотеј да не пие само вода, туку да зема по малку и вино поради стомакот и честите боледувања (1 Тимотеј 5:23)

И во сите други новозаветни текстови, се осудува претерувањето во виното, робувањето на виното и пијанчењето (Тит 2:3, 1 Петр.4:3-4, Ефесјани 5:18) но никаде не се вели „не пијте“ туку „не се опивајте“. Се разбира, постои опасност, тој што пие и да се опие, но не мора да значи.

Од друга страна, целата Библија го осудува опивањето и предупредува на опасноста од пиењето. Виното може да подлаже; некогаш нас, а некогаш и тој што учи од нас.

Затоа постои и предупредување, ако тоа е соблазна за другите, можеби за некој бивш алкохоличар кој сеуште се лечи од алкохолизам, подобро да не пиеме пред него/неа (Римјани 14:21). Забележете, Павле како причина за непиење, не наведува дека за христијаните е забрането, туку дека тоа може да биде соблазна за некој друг/а.

Исус пиел вино

„Зашто дојде Јован Крстител, ниту јаде леб, ниту пие вино, а велите: „бес има!” Дојде Човечкиот Син, Кој јаде и пие, а велите: „Ете, изедник и пијаница*, пријател на цариниците и грешниците!”

(Исус во ев. Лука 7:31-34)

Овде јасно се гледа дека Јован Крстител не пиел вино, а Исус вели за себе дека пиел. Од контекстот и контрасната споредбата што ја прави Исус со Јован, јасно се гледа дека Исус јадел леб и пиел вино.

Во спротивно нема смисла Исус контрасно да се споредува со Јован и да рече: Јован не пие вино, а Човечкиот Син пие.. вода. Едноставно таквата синтакса нема смисла.

Исус ја претворил водата во вино, а не во шира.

За ова има два добри аргументи:

1. Кога Исус ја превторил водата во вино (ев. Јован 2), за зборот „вино“ во евангелието се користи грчкиот збор “oinos”, кој е истиот збор за вино кој се спомнува и пред да им снема вино на свадбената прослава. Да бидеме реални и искрени, возрасни сме, сме биле на свадба, знаеме какво вино се пие на свадба.

Плус истиот збор oinos се користи и во Ефешаните 5:18 каде се вели: „Не се опивајте со вино во кое е разузданоста“. Значи истиот збор. Со сок од грозје не можеш ни да се опиеш, ни да се разуздаш.

2. На крајот од случката старосватот, откако пробал од виното на Исус, му се обраќа на младоженецот со зборовите: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се ПОДНАПИЈАТ* – слабото. Ти си го чувал доброто вино досега.”“ (ев. Јован 2:10)

Овде јасно се гледа дека виното што го пиеле на свадбата во Кана имало способност да опива, што значи не било безалкохолна шира. Луѓето на почетокот на веселбите го изнесувале доброто вино, за да го вкусат гостите додека не се поднапиени и да го пофалат, а потоа, откако ќе се поднапиеле, им отапува чувството за вкус и не марат многу за вкусот на виното, туку едноставно уживаат во веселбата.

Заклучок:

Дали ја имаме слободата да пиeме вино? Oд една страна –да, но од друга страна и одговорноста е голема, со нашите постапки, па слободата не треба да ни биде повод, да му угодуваме на телото/телесноста (Галатјани 5:13).

За оние христијани што пијат, советот е да внимаваат да не станат лош пример, да не се фалат со тоа и да не им стане навика.

За оние што одлучиле да не пијат, тоа е за поздрав и восхит, доколку тоа го прават за Господа и заради братот свој, не од легалистички побуди и осуда за оние кои пијат.

Не знам да читам
Исламски приговор:

„А ако му биде дадена на некој што не знае да чита, велејќи: „Читај го тоа!” – тој ќе одговори: „Не знам да читам.“ (Исаија 29:12)

Зарем не се овие зборовите на Мухаммед а.с кога за прв пат му се појави ангелот Габриел во пештерата Хира и му рече ” Читај “, а Мухаммед а.с одговараше : Не знам да читам.“

1. Зборот „Куран“ не значи книга, туку „рецитација“.

2. Тука не станува збор за пророштво туку за укор. Прочитајте го целото поглавје и ќе ви стане јасно. А еве го и стихот во неговиот контекст:

„Затоа секое видение ќе ви биде како зборови во запечатена книга: ако му биде дадена на некој што знае да чита, велејќи: „Ајде, читај го тоа!” – тој ќе одговори: „Не можам, зашто е запечатена.” А ако му биде дадена на некој што не знае да чита, велејќи: „Читај го тоа!” – тој ќе одговори: „Не знам да читам.” Господ рече: „Бидејќи овој народ Ми пристапува само со устата, и Ме почитува само со усните, а срцето му е далеку од Мене, и неговото почитување научено од човечки одредби, затоа, еве, и натаму ќе постапувам чудно со овој народ – чудно и пречудно: и ќе пропадне мудроста на неговите мудреци, ќе потемнее умноста на неговите умници.” Тешко им на оние што се кријат од Господа, за да ги скријат своите намери, и кои во мрак дејствуваат и зборуваат: „Кој нè гледа и кој нè позна?” Колкаво безумство! Дали се цени глината колку грнчарот, па делото да му рече на својот творец: „Тој не ме направи?” Или грнецот да му рече на грнчарот: „Тој не разбира ништо?”“

(Исаија 29:11-16, Библијата)

Значи Бог им зборува дека виденијата ќе им бидат како запечатена книга. Тој што ќе сака да ја прочита, не ќе може да ја чита, БЕЗ РАЗЛИКА дали знае да чита или не. Значи Бог ќе им испраќа виденија преку пророците, но народот нема да ги препознава тие виденија, зато што во времето на Исаија народот е длабоко навлезен во идолопоклонство, паганство и наместо Божјите заповеди тие следеле човечки преданија. Истото Исаија го потенцира и во Исаија 6:9 и Исаија 28:11. Заради тоа што Израелците обожавале мртви “богови” кои не можат да слушаат, ниту да гледаат, затоа Бог како да им вели: Штом обожавате такви “богови”, тогаш ќе станете како нив и ќе бидете глуви и слепи за Божјите објави.

Во целата книга на Исаија се проткајува таа порака кон Израел (евреите): Чуј Израиле, слушни го тоа што ти го вели Бог, бидејќи ако не слушаш, Бог ќе го сврти лицето Негово од тебе, покај се и врати се при Бог. Никаде нема ниту еден збор кој што асоцира на Мухамед или на Исламот. Приказната со Мухамед е сосем друга и ова не се применува на него.

3. И најпосле пророкот Исаија со право се нарекува „петтиот евангелист“, затоа што тој најмногу пророкува за Месијата (Исус), дека ќе биде роден од девица, ќе биде Емануел (Бог меѓу нас), ќе биде погубен заради гревовите на луѓето, а и дека ќе воскресне – и тоа ова пророштво е во неверојатни детали опишано (Исаија 53, Библијата). Од друга страна муслиманите велат дека Исус не бил распнат, дека Тој не го дал Својот живот за гревовите на луѓето, а со тоа и дека не воскреснал од мртвите. Значи Исаија е во тотална контрадикција со она што го зборел Мухамед, со Исламското верување. Оттука бесмислено е Мухамед да го надоврзуваме на Исаија нели?

Toj e макхмадим
Исламски приговор:

Во хебрејската верзија на Тората сеуште се користи името “Мухаммед“ без било каква двосмисленост. Во Песна над песните, поглавје 5, стих 16, пишува : „ Неговиот говор е најпријатен. Тој е голем / славен (Мухаммед), мој миленик и мој пријател.“

Хебрејскиот збор јасно укажува на името Мухаммед, но евреите и христијаните тоа одбиваат да го признаат и инсистираат на тоа дека не се работи за сопствено име, туку епитет кој го опишува Пратеникот, тврдејќи дека тоа име значи “најсакан“. Неговата уста е најслатка(најпријатна) да, тој е најсакан. Тој е мој миленик и мој пријател.“ На кого тогаш би можеле да одговара описот на оној кој ги има доблестите и особините како Мухаммед, Аллаховиот најдраг и најсакан Пратеник?

1. Тората е петокнижието од Библијата т.е. само првите 5 Мојсееви книги. Песна над песните е дел од Стариот завет, но не е дел од Тората.

2. Вакво нешто не пишува во ниту еден превод на Библијата. Еве веб сајт каде што можете да ја видите Библијата на десетици светски јазици и можете да го проверите тоа. А еве и англиско-хебрејски интерлинеар каде што можете да видите збор по збор како стои во Библијата на оригиналниот хебрејски јазик.

Контекстот на тој стих е романтично изразување на заљубената девојка која го опишува својот возљубен со убави и слатки зборови. Библиската книга “Песна над Песните” претставува романтична преписка меѓу двајца заљубени (слично на Ромео и Јулија) и е една од најубавите еврејски песни во кои се воспева љубовта, затоа и е наречена „Песна над песните“.

3. Хебрејскиот збор “מחמד” (макхмадим) кој што е преведен во Библијата како „љубезен“, „прекрасен“, „пожелен“ си значи токму тоа. Тој збор различно се пишува и изговара од името Мухамед.

4. Постојат многу зборови што се исти или како во случајов слични, но со различно значење во другите јазици. На пример ладна на македонски значи студена, а на полски јазик – „убава“. Или на пример „башка“ е турцизам кој значи „одделно“, „посебно“, а во албанскиот јазик значи „заедно“.

5. Понатаму, тоа е придавка, а не лично име. Суфиксот “ים” (им) на крајот не означува никаков респект како што тврдат муслиманите, туку е префикс за множинска форма на придавки кои што се однесуваат на именки од машки род (машка множина – plural masculine). Никаде во Библијата овој суфикс не е користен за лично име. Никаде во стариот завет нема да најдете имиња како Адам-им или Давид-им или Соломон-им итн. Едноставно тој сифукс не се користи за лични имиња, туку за придавки како што е придавката макхмад – макхмадим.

6. Понатаму има полно места во Библијата каде што е употребен овој суфикс за означување на множини на придавки кои што се однесуваат на именки од машки род. Така на пример кога евреите сакаат да кажат „мудар човек“ тие велат: “чакам иш”, а кога сакаат да кажат “мудри луѓе” велат: “чакамим иш”.

7. Понатаму, еврејскиот збор макхмад се јавува 13 пати во стариот завет и секаде е придавка со горенаведеното значење и се однесува на одредена именка и никаде не претставува лично име.