ДНК – доказ за Божјата креација
Пред откривањето на ДНК и геномот, многу научници веруваа дека животот е нешто толку просто што може само од себе да настане, како жабји полноглавци од кал во некоја бара или црви од расипано месо или умрена мачка. Но со откривањето на ДНК и геномот, се виде дека животот, дури и набљудуван само од материјалистичка перспектива, не е само материја и енергија, туку и интелигенто програмирана ИНФОРМАЦИЈА. ДНК е молекул што го содржи секоја жива клетка. Во ДНК молекулата се содржи дигитален програмски код кој како оперативен компјутерски систем е одговорен за образување, раст, развој, одржување и репарација на целото тело.
Информациите што ги содржат ДНК молекулите на 46-те хромозоми кај човекот (3.2 милијарди букви) се еквивалентни на една библиотека од 5800 книги. Ако овие 3.2 милијарди букви ги напишете како една непрекината реченица, таа ќе се протега од северниот пол до екваторот. (1 буква = 3мм)
Колкава е (не)веројатноста?
Бактеријата (Carsonella ruddi[1]) што го содржи најмалиот познат геном на светот содржи околу 160.000 парови нуклеотиди. (за споредба човечкиот геном има 3.2 милијарди). Која е веројатноста за случајно само од себе настанување на оваа низа од 160.000 парови нуклеотиди?
Нуклеотидната азбука на ДНК се состои од 4 нуклеотиди: A, G, C и T (или AGCU кај РНК) кои во спирален двојно верижен ланец се повторуваат во различен распоред (на пример, ACCTGTGA..).
Бројот на сите можни варијации при случајно спојување на овој ланец и создавањето на најмалиот познат геном е:

(Доколку вашиот калкулатор не подржува пресметки на толку големи броеви, можете да го користите сајтот: www.wolframalpha.com За операцијата степенување се користи следниов знак ^ Пример за горната пресметка пишете: 4^160000 )
Оттука веројатноста за случајното настанување на погодната варијација е:

Луѓето често на ова приговараат дека вселената е многу голема и дека веројатно има многу планети со слични услови како Земјата и милијарди години време за да се случи оваа погодна веројатност. Во ред, приговорот е на место. Ајде да видиме што велат бројките и колку големината на вселената и милијардите години можат да ја намалат оваа астрономска неверојатност.
За таа цел, ќе претпоставиме теоретско неверојатни услови во полза на случајното настанување на овој геном. Нема да претпоставуваме колку планети имаат вода или слични услови на Земјата, ниту ќе претпоставуваме дека сите планети во вселената се погодни за создавање на ДНК, туку ќе претпоставиме дека до секој поединечен атом во вселената биле собрани на купче сите потребни нуклеотиди за образување ДНК и дека од почетокот на Универзумот па до денес се случувале по 1000 варијации во секунда до секој поединечен атом со цел да го оформат најмалиот познат геном во светот. Па да видиме колку ова сценарио ќе ја зголеми веројатноста за самонастанување на геномот.
Согласно Биг Бенг теоријата, од почетокот на Универзумот до сега се поминати околу 13 милијарди години или:

Вкупниот број на атоми во вселената се проценува околу:

Со едноставна математика веројатноста тоа да се случи по пат на ваквите рандом варијации и рекомбинирање би била:

Како што гледаме дури и овие неверојатни хипотетички услови и сценарија не можат значително да ја намалат огромната неверојатност за спонтаното настанување на најмалиот познат геном во светот. Слични астрономски неверојатности се добиваат и при пресметките за спонтано настанување на ензимите (види на овој линк). Треба ли да потсетиме дека клетката за да може да се прехранува, одржува и репродуцира, покрај геномот има потреба и од мембрана, рибозоми, митохондрии, ензими и други органели? Со други зборови, залудно ќе инсталирате оперативен систем на хард дискот, ако ги немате и останатите најосновни елементи на компјутерот.
Заклучок: И покрај сите фанатички обиди да се протне натуралистичката (атеистичка) хипотеза за спонтатно настанување на животот преку случајно комбинирање и сврзување на хемиските соединенија[2], математичката веројатност недвосмислено потврдува дека таквиот настан е НЕВОЗМОЖЕН или пак бара фанатичка вера во случајноста, вера која ниту еден нормален атеист не ја практикува во секојдневниот живот.
1. Smallest Genome of Living Creature Discovered
2. Оваа хипотеза се нарекува абиогенеза и никогаш експериментално не била потврдена.