Ензимите – доказ за Божјата креација
Дали е теоретски возможно животот да настанал случајно, без интелигенција, без присуство на Создател? Ајде да си поиграме малку со бројките и да видиме колку е веројатен или неверојатен тој настан.
Овде ќе ја проанализираме САМО веројатноста на спонтаното настанување на ензимите, кои се само еден мал дел од високо комплексната микробиолошка фабрика – клетката. Еве кратко и јасно објаснување што се и како функционираат ензимите:
Ензимите се високо комплексни протеински структури кои дејствуваат како органски катализатори кои ги активираат или забрзуваат биохемиските акции и реакции. Во човечкото тело досега се пронајдени околу 2700 ензими, кои комбинирани со коензимите (витамини, минерали) формираат околу 100.000 различни хемикалии кои ни помагаат да гледаме, слушаме, чувствуваме, да ја дигестираме храната, да размислуваме, да ги уништиме вирусите итн. Секој орган, секое ткиво и секоја од 100 трилионите клетки во нашето тело зависи од ензимите и нивниот енергетски фактор. Процесот на исхрана, почнувајќи од устата, па се до клеточното ниво не може да се објасни без улогата на ензимите.
Секој ензим е дизајниран да работи со една и единствена органска материја која се нарекува супстрат. Ова се случува по принципот клуч-брава (принцип на совпаѓање). На пример кога ензимот лактаза (бравата) ќе дојде во допир со сахарозата, нема да предизвика никаква реакција, бидејќи тоа не е нејзиниот клуч. Ќе дојде во допир и со други шеќери, протеини, масти, но нема да има реакција. Но кога ќе дојде во допир со нејзиниот уникатен клуч – лактозата (што ја има во млечните производи), тогаш ќе ја разложи на нејзините прости шеќери – глукоза и галактоза, кои потоа телото може да ги метаболизира.
Со други зборови, не можете да имате странични ефекти од ензимите, бидејќи тие нема да реагираат со ништо друго освен со нивниот супстрат.
Едноставно животот е незамислив без ензимите. Индивидуите кои имаат недостаток на одредени ензими, се подлежни на физички проблеми, болести, дегенерации и сл.
Во човечкото тело до сега се пронајдени околу 2700 различни ензими. Типичен ензим се состои од синџир од 250-1000 амино киселини, наредени како бисери на ланче по точно одреден и уникатен редослед. Доколку овој редослед се измени, ензинот нема да си ја врши работата.
Според натуралистичката (атеистичка) хипотеза за постанокот на животот, првата жива клетка настанала со спонтано соединување и комбинирање на атомите, молекулите, хемиските соединенија итн.
Да претпоставиме дека сите потребни амино киселини биле веќе само-настанати и собрани на купче. Да претпоставиме дека сите потребни услови и енергии за комбинирање и формирање на врски биле присутни, некако магично се отстранувала водата за да можат да се поврзуваат амино киселините, UV зразите од Сонцето не пречеле, реакциите исто така некако магично се одвивале доволно брзо без катализаторски ензими итн.
Дури и при овие нереални услови, доколку земеме еден хипотетички минумим дека е можно да постои клетка која ќе функционира само со 36 ензими и овие ензими се состојат од само 200 амино киселини, тогаш веројатноста за спонтано настанување на еден ваков ензим ќе ја пресметаме на следниов начин.
Бидејќи 20 различни амино киселини (колку што има во живите организми), можат да варираат на 200 различни места и исто така тие можат да се повторуваат, станува збор за варијации со повторување кои лесно се пресметуваат со формулата:

(Доколку вашиот калкулатор не подржува пресметки на толку големи броеви, можете да го користите сајтот: www.wolframalpha.com За операцијата степенување се користи следниов знак: ^ Пример за горната пресметка пишете: 20^200 )
А вкупниот број на варијации на амино киселините во сите 36 вакви ензими е:

Оттука веројатноста за случајното настанување на само овие 36 ензими е:

Колку е голем овој астрономски број: 10 на степен 9367 ? Тој број има 9367 нули. Доколку го напишете на тетратка со квадратчиња и во секое квадратче пишувате по една нула, тој број ќе биде долг 46.8 метри. Вкупниот број на атоми во Универзумот т.е. во сите галаксии видливи со најмоќните телескопи се проценува околу 10^80 (единица со 80 нули после неа).
Некој можеби ќе приговори: „Ама можеби има уште милијарда планети како нашата кои имаат услови за живот, аминокиселини, вода и се што е потребно?“ Во ред. Еве да претпоставиме дека не постојат милијарда, туку дека постојат буквално на секој атом од Универзумов по една планета идентична како нашата планета. Дали знаете колку тоа ќе ја зголеми веројатноста за случајно настанување на 36-те ензими? Еве:

Доколку дополнително претпоставиме дека постојат милијарди милијарди Универзуми како нашиов, кои исто така на секој нивен атом имаат по една планета иста како нашата, веројатноста за случајно настанување на 36-те горе спомнати ензими во тој случај би била (земете длабоко воздух):

Бреј ама се инаетливи овие астрономски броеви. Дели ги со милиони, милијарди, трилиони, никако да се намалат значително. Без разлика какви претпоставки ќе направиме, астрономскиот број ќе остане со 9000 нули или еве дури нека бидат и 8000 нули. Овде не станува збор за практична неверојатност, туку за теоретска неверојатност за случајно настанување на тие 36 хипотетички ензими, наспроти 2700-те ензими кои денес се наоѓаат во човековото тело и секој од нив си има уникатна и целисходна функција која е зависна од точната и уникатна подреденост на амино киселините во него.
Доколку претпоставиме дека покрај овие ензими, првата клетка би требало да има барем 250 протеини сочинети од само 150 амино киселини, веројатноста за случајното настанување на овие протеини би била:

Немам толкава фанатичка вера за да бидам атеист. Според овој пример и стотици други примери од природата кои откриваат фасцинантен интелигентен дизајн, многу e поразумно и понаучно да се верува дека сето тоа не било случајно настанато, туку плански и интелигентно создадено.
Набљудувајќи ги овие пресметки, познатиот британски астроном Фред Хојл заклучил:
Наместо да ја прифатиме извонредно малата веројатност дека животот настанал преку слепите сили на природата, изгледа дека би било подобро да претпоставиме дека потеклото на животот бил еден промислен интелектуален чин.[1]
1. Sir Fred Hoyle, “The Universe: Past and Present Reflections”
