Како пустинскиот Израел стана извозник на цвеќиња?
Лесно е да се предвиди дека Холандија би била еден од главните извозници на цвеќе. Земјата не само што изобилува со вода, туку таа е буквално „под вода“ бидејќи третина од земјата е под морското ниво. Водениците и каналите што ги гледаме таму првично не биле правени за украс, туку со цел луѓето да се „ослободат“ од водата со цел да можат да градат куќи.
Од друга страна, половина од Израел е пустина и само 20% од земјата е природно обработливо. Плус има многу малку дождовни денови во годината. Кога познатиот писател Марк Твен во 1867г. ја посетил оваа земја, тој ја опишал како пустелија, празна и пуста, земја од каде што и кактусот побегнал. Сепак во Библијата за тоа парче земја било пишано дека кога евреите ќе се вратат и ќе се „вкоренат“ таму, Израел ќе процвета и ќе го наполни целиот свет со плодови.
Доаѓаат денови кога Јаков ќе се вкорени, Израел ќе пушти гранки и ќе процвета и ќе го наполни со плодови целиот свет. (Исаија 27:6, Библијата)
Јаков е внукот на Авраам. Тој е прататкото на евреите и од него поттекнуваат сите 12 Израелеви племиња. Тој е првиот што е наречен „Израел“ во Библијата (Битие 32:28) и затоа тој во пророштвото го претставува еврејскиот народ.
Евреите биле одамна протерани од Израелската земја, а по Божја промисла почнале нагло да се враќаат кон крајот на 19ти и почетокот на 20ти век. Во 1948г. Израел конечно оформил и прогласил независност на државата. Јаков се вкоренил.

И оттогаш ситуацијата со тоа парче земја почнало драстично да се менува. Доколку денес погледнете сателитска снимка од Израел, ќе видите дека има доста зелена боја, иако основата на таа земја е пустинска. Како се случило тоа? Евреите се изумители на познатиот „капка по капка“ наводнувачки систем кој крајно економично ја искористува водата за наводнување на плантажите. Тие се трудат максимално да ја искористат секоја капка од утринската роса.
Евреите не мора да чекаат да заврне за да добијат вода. Верувале или не, Израелската компанија WaterGen има направено систем кој вади водата од воздухот и така произведува вода за пиење. Еве и видео. Израел е и светски лидер за производство на земјоделски технологии. Оваа некогашна пустелија денес е рангирана во првите 10 земји во светот по извос на цвеќе. Заработката на Израел од извос на цвеќиња е повеќе од 50 милиони долари годишно. Израел исто така е и голем извозител на свежo овошје и зеленчук.

За да биде иронијата поголема, Израел има и рибници во пустината. И замислете тие тоа го сметаат за предност бидејќи нема коли, индустрии, па нема ни загадување, па затоа има и квалитетна риба.
Кога Марк Твен би бил жив и би имал можност пак да го посетил Израел денес, би се шокирал и сигурно би помислил дека ова е сон. Ова е доказ дека Божјите ветувања во Библијата се навистина моќни, непогрешливи и незапирливи.