Бог

Научни аргументи за Божјото постоење

Не можете Бог да го ставите во епрувета и да го докажете Неговото постоење. Ниту пак можете да направите вакум во епрувета и од тоа да заклучите дека Бог не постои. Бог, ако постои, е духовно битие и не е ограничен од материјалниот простор. Но сепак Божјото постоење може да се докажува преку отисокот кој го има оставено во Неговите созданија. Имено, како што интелигентниот дизајн на часовникот говори за постоење на часовничар, книгата за постоење на писател, така и интелигентниот дизајн во природата индиректно го докажува постоењето на Бог.


1. Илустрации за вовед

seashell-heart1
Ако се шетате по плажа и видите школки подредени во форма на срце и внатре 3 букви, вие нема да заклучите дека морските бранови случајно ги подредиле така, туку дека тоа го направил некој човек или заљубен пар. Иако станува збор само за 3 букви и едно срце околу нив, вашиот разум гласно вели дека зад тоа дело стои интелигенција, живо битие. Човековата ДНК се состои од 3.2 МИЛИЈАРДИ букви и сепак некој за тоа дело вели дека стои случајноста. Тоа е разумна и логичка недоследност.
Monkey-typing mini
Дали кога слушате некоја музичка композиција од Бетовен претпоставувате дека истата е последица на група мајмуни кои со врзани очи лупале по некое пијано? Дали е можно со експлозија во некоја печатница да настане енциклопедија полна со информации, зборови, слики, равенки, графици итн? Кој од нас верува дека ако еден форматиран хард диск го приклучите на напојување, во него електроните спонтано ќе создадат оперативен систем и апликативни програми со кои потоа ќе можете да гледате филмови, слушате музика, едитирате слики, да сурфате на интернет итн?
Каде и да видиме интелигенција или некој комплексен ред, дизајн, особено во аспект на јазикот и комуникацијата, секогаш подразбираме Интелигенција зад тоа, а не случајност.

Кога научниците трагаат по вонземски живот далеку во вселената, тие всушност трагаат по некаква низа од електромагнетни сигнали подредени по некој интелигентен редослед затоа што се свесни дека сложените информации не настануваат случајно, туку истите мораат да бидат генерирани од некакво интелигентно битие.
golden_record_cover_sm
Кога го пратија Војаџер 2 надвор од Сончевиот систем научниците во него ставија златни дискови со видео и аудио информации од Земјата (слики од човекот и животните, звуци од дожд, бебе како плаче, поздрави на повеќе јазици итн). Научниците ги пратија овие дискови со цел да им покажат на евентуалните вонземјани дека на Земјата постои живот и каков е тој.[1] Овие информациони дискови би немале никаква смисла доколку вонземјаните заклучат дека милионите години случајно ги направиле овие комплексните информации во дисковите. Овие научници биле убедени дека зад информацијата стои интелигенција, зад златните дискови – интелигентен и плански креатор.
Во наредните точки ќе покажеме дека животот, нашата планета и целиот Универзум содржат далеку покомплексни информации, ред и дизајн и согласно здраворазумната логика тие не би можеле случајно да настанат, туку се плански и интелигентни творби од некое супер-интелигентно битие – кое ние христијаните го нарекуваме Бог.

2. Дали животот можел да настане случајно?


2.1. ДНК – случајно настаната или плански создадена?

Пред откривањето на ДНК и геномот, многу научници веруваа дека животот е нешто толку просто што може само од себе да настане, како жабји полноглавци од кал во некоја бара или црви од расипано месо или умрена мачка. Но со откривањето на ДНК и геномот, се виде дека животот, дури и набљудуван само од материјалистичка перспектива, не е само материја и енергија, туку пред се е интелигенто програмирана ИНФОРМАЦИЈА. ДНК е молекул што го содржи секоја жива клетка. Во ДНК молекулата се содржи дигитален програмски код кој како оперативен компјутерски систем е одговорен за образување, раст, развој, одржување и репарација на целото тело.
Информациите што ги содржат ДНК молекулите на 46-те хромозоми кај човекот (3.2 милијарди букви) се еквивалентни на една библиотека од 5800 книги. Ако овие 3.2 милијарди букви ги напишете како една непрекината реченица, таа ќе се протега од северниот пол до екваторот. (1 буква = 3мм)
dna_unraveled2
Ако некој дактилограф, кој просечно куца по 300 букви во минута, се нафати да ја напише оваа реченица куцајќи по 8 часа дневно (без паузи) и 220 работни денови годишно, ќе му бидат потребни 95 години за да ја искуца целата оваа огромна реченица одговорна за секој детал од вашето тело. Што вели вашиот разум? Случајно или создадено?
За неверојатноста на самонастанување дури и на најмалиот познат геном можете да прочитате на следниов линк.

2.2 Ензимите – случајно настанати или плански создадени?

Ензимите се високо комплексни протеински структури кои дејствуваат како органски катализатори кои ги активираат или забрзуваат биохемиските реакции во телото. Во човечкото тело досега се пронајдени околу 2700 ензими, кои комбинирани со коензимите (витамини, минерали) формираат околу 100.000 различни хемикалии кои ни помагаат да гледаме, слушаме, чувствуваме, да ја дигестираме храната, да размислуваме, да ги уништиме вирусите итн. Типичен ензим се состои од синџир од 250-1000 амино киселини, наредени како бисери на ланче по точно одреден и уникатен редослед. Доколку овој редослед се измени, ензинот нема да си ја врши работата. Веројатноста т.е. неверојатноста за спонтатно настанување на само 36 ензими (секој од нив составен од само 200 аминокиселини) е:

За повеќе, кликнете на следниов линк.


3. Плански создадена планета

Доколку се шетате во шума и наидете на дрва налегнати во вид на шатор и обложени со кал и слама, можеби еден од милион луѓе ќе се двоуми дали тоа некој плански го изградил или пак тие така случајно се наредиле, но доколку наидете на куќа со софистицирана градба, со добро дизајнирана изолација, клима уред, осветлување, електрична и водоводна инсталација, ограда, безбедносен систем и сл. секој разумен човек ќе заклучи дека таа куќа не настанала случајно, туку плански била изградена од некој инжинер.
kukja mini
Слично е и со планетата Земја. Во наредниве неколку точки ќе видиме какви се строги услови и параметри исполнува Земјата со цел да подржува живот како доказ дека таа била создадена од некое интелигентно битие т.е. Бог.

3.1 Погоден почеток на Универзумот

Еминентниот физичар на 21-от век Стивен Хокинг во неговото познато дело „Кратка историја на времето“ има напишано:

„Ако брзината на експанзија една секунда по големата експлозија (Big Bang) би била помала за само сто илјади милиони милионити дел, Универзумот би колапсирал пред да ја достигне денешната големина.“[2]

Оваа критична осетливост на Биг Бенг е нула со 17 децимални места! За илустрација замислете дека сте облекле џемпер со дебелина од 1см. Е сега замислете дека се случува некоја експлозија на далечина од илјада милијарди километри (6500 пати подалеку од Сонцето) и таа е толку прецизно наштимана што експлозијата достигнува до вашиот џемпер, но не ја допира вашата кожа.
Понатаму, разгледувајќи и други прецизно поставени параметри во Универзумот, Хокинг заклучува:

„Тешко е да се објасни зошто Универзумот започнал токму на ваков начин, освен како дело на Бог кој плански создал суштества како нас.“[3]

Хокинг подоцна се изјаснува како атеист, но тоа не ги порекнува фактите кои тој претходно ги анализирал, туку само неговите толкувања на тие и други факти.

Британскиот математичар и физичар и професор по математика на Универзитетот во Оксфорд – Роџер Пенроуз, кој заедно со Стивен Хокинг работел на развивањето на нашето денешно разбирање на црните дупки, ја пресметал веројатноста од Големата експлозија (Big Bang) да настане нашата средена вселена, наспроти веројатноста да настане хаотична вселена. Резултатот бил: 1 од 10 на степен 10 на степен 123.[5]
1in10to10to123
Колку е мала оваа веројатност? Роџер објаснува дека ако после децималната запирка ставите онолку нули колку што има атоми во Универзумот и тоа ќе биде малку, бидејќи бројот е многу помал и од тоа.

3.2 Погодна галаксија
Само спиралните галаксии, каква што е нашата, можат да поседуваат услови за живот. А такви галаксии во вселената има само 5%. Преостанатите 95% од галаксиите се или елиптични или со неправилен облик. Кај елиптичните галаксии, образувањето на ѕвездите завршува уште пред да се образуваат доволни количества од потешките хемиски елементи во меѓуѕвездениот простор. А за да има услови за живот, неопходно е збогатено присуство на овие елементи. Проблемот, пак, со галаксиите со неправилен облик е во тоа што кај нив постојат активни јадра од хемиски елементи, кои со своето нуклеарно зрачење го уништуваат животот.

3.3 Погодна локација во галаксијата
Ова се нарекува галактичка хабитабилна зона. Во центарот на нашата галаксија постојат црни дупки и експлозии на ѕвезди (супер нови) на околу 50тина години. Тоа предивикува силно радиоактивно зрачење кое би било непогодно за живот на Земјата.


3.4 Погодна одалеченост од ѕвездата домаќин (Сонцето)
habitable-zone2
Хабитабилна зона е онаа оддалеченост од ѕвездата во која зона не е ни премногу жешко, ни премногу ладно и овозможува присуство на живот. Всушност тоа е зона која подржува вода во течна состојба, а со тоа и органски живот. Доколку сакаме храната да не ни се расипе т.е. да не се развијат бактерии и вируси во неа, ние ја смрзнвуаме во фрижидер, затоа што кога водата е во тврда агрегатна состојба микроорганизмите не можат да се разможуваат, а на уште пониски температури тие се уништуваат. Исто така ако сакаме да ја дезинфицираме храната т.е. да ги уништиме микроорганизми во неа, ние ја загреваме на повисоки температури (100-150 степени). Овие секојдневни пракси ни покажуваат дека животот практично функционира во многу тесен температурен спектар во граници од околу 0-100 степени каде што водата е во течна состојба.
За споредба дневната температура на Марс достигнува 427 степени, а ноќната -173.[9] Нептун варира од -200 до -218 степени. Постојат и планети каде дневната температура е околу 1000 степени. Најжешката откриена планета има дневна температура од 2200 степени.[9]
Оптималната оддалеченост од ѕвездата домаќин гарантира добра топлина, но не гарантира и заштита од силното зрачење или ѕвездениот ветар од електрони, протони, алфа честички кои се движат со бризини од стотици километри во секунда и се смртоносни за нас.

3.5 Штитовите на Земјата

  • Атмосферата нè штити од метеори и зрачење. Кога не би постоела атмосферата, покрај тоа што не би можеле да дишиме и би биле изложени на штетни UV зрази, Земјата би била секојдневно бомбардирана од метеори и би изгледала како задната страна на Месечината.
  • moon1
  • Магнетното поле и Ван Аленовите појаси нè штитат од големото зрачење на Сончевиот ветар. Сончевиот ветар се состои од високо наелектризирани честички (електрони, протони, алфа четстички) кои прават штета слично како и нуклеарното зрачење. Кога би немала Земјата магнетно поле, не само што би биле постојано изложени на ова зрачење, туку веројатно и поголемиот дел од атмосферата би бил „издуван“ од Сончевиот ветар. На сликата можеме да видиме како магнетното поле прави да Сончевиот ветар ја заобиколи нашата планета. Дел од ова зрачење се слева на половите каде што завршуваат магнетните силови линии и тоа ги предизвикува убавите Аурора Бореалис и Аурора Австралис.
  • magnetic2

  • Озонската обвивка е „кремата за сончање“ на планетата Земја. Кога целиот озонски слој би се спуштил на површината на Земјата, под нормален атмосферски притисок и 0°C, неговата дебелина би била само 3 милиметри. Тоа делува малку, но е доволнo за воопшто да не ги пропушти штетните UV зраци од Сонцето (UV-C), а од помалку штетните UV-B пропушта само 5% кои пак во умерена доза ни требаат за креирање на витамин Д.[7]
    Според пресметките на NASA[12], доколку не преземевме мерки против CFC гасовите, до 2065 г. целата озонска обвивка ќе се намалеше за две третини или од 3мм на 1мм според горната симулација. Намалувањето на овие „2 милиметри озон“ би значело:
    🔹 Сончеви изгореници за само 5 минути
    🔹 Генетски мутации зголемени за 6 ипол пати
    🔹 Рапидно зголемување на канцер на кожа
    🔹 Појава на катаракта и други очни болести
    🔹 Нарушување на имуниот систем.
    🔹 Ваквото зрачење не би ги поштедило ни животните и растенијата.
    Неверојатно како една толку релативно тенка обвивка не штити од толку неубави работи.
  • Невидливот „Стар Трек“ штит – откриен е во 2014 година од група научници од Универзитетот во Колорадо[8]. Овој штит не штити од ултрарелативистички електрони-убијци кои се движат кон Земјата со брзини блиски до брзината на светлината. Штитот се наоѓа на висина околу 11,600км помеѓу двата Ван Аленови појаси и се шири и стеснува во зависност од зрачењето што доаѓа кон Земјата. Тој е практично невидлив, а е забележан преку Ван Аленовите проби испратени од НАСА при што е забележано како електроните-убијци се одбиваат како од стакло од невидлива површина.
  • star-trek-shild


    4. Природните константи прецизно нагодени во наша полза


    4.1 Космолошката константна

    Космолошката константа е воведена од Алберт Ајнштајн и ја претставува густината на енергијата во вакумот или позната како Dark Energy. Таа глобално делува на оддалечувањето на галаксиите. Нејзината вредност е околу Λ = 2.036 × 10−35

    Физичарот Стивен Вајнберг (нобеловец), иако не е верник (заради предрасуди кон организираните религии), сепак бил зачуден колку оваа константа е добро нагодена во наша полза. Тој вика дека таа можела да има било каква вредност, и позитивна и негативна, а според основните принципи би се очекувало да биде многу голема, но за наша среќа, не е. Еве и директен цитат:

    „Ако е голема и позитивна, космичката константа ќе делува како одбивна сила која ќе се зголемува со растојанието. Таквата сила во раниот универзум би ја спречила материјата да се состави, а тоа е процес којшто е првиот чекор во формирањето на галаксиите, ѕвездите, планетите, луѓето. Ако е голема и негативна, таа би делувала како привлечна сила што се зголемува со растојанието, сила која речиси моментално би го свртела назад ширењето на Универзумот и би предизвикала да колапсира. Астрономските набљудувања покажуваат дека таа е многу мала, многу помала од што се очекува од основните принципи.[4]


    4.2 Силната нуклеарна сила

    Силната нуклеарна сила ги држи протоните и неутроните заедно во јадрото на атомите. Професорот по физика на универзитетот во Оклахома – д-р Мајкл Страус (Dr. Michael Strauss) кој води неколку истражувања во CERN (најголемата лабораторија за елементарни честички во светот), го вели следново:
    „Ако силната нуклеарна сила беше само 5% послаба, тогаш само водородот ќе можеше да биде стабилен и периодниот систем ќе се состоеше само од водород. Ако пак беше само 2% посилна, протоните и неутроните ќе се врзуваа многу почесто и полесно и ќе образуваа многу тешки метали. Исто така во тој случај водородот би бил редок елемент, а тој претставува горивото на ѕвездите.“ [6]
    Во првиот случај хемијата ќе беше најлесен предмет, но џабе, ќе немаше хемичари да ја учат. Во вториот случaј ќе имавме ладна и темна вселена со разлетани камења наоколу.


    4.3 Резонантното ниво на јаглеродот
    450px-triple-alpha_process-svg
    Целиот органски живот каков што го познаваме зависи од јаглеродот. Тој е градбениот атом на сите амино киселини, од кои се составени протеините, ензимите, ДНК молекулата, целиот органски свет.
    Сепак ако не беа низа „коинциденции“, денес немаше да има јаглерод. Јаглеродот се создава во ѕвездите преку ткн. „Троен алфа процес“. Два хелиумови атоми се спојуваат преку јадрена фузија и настанува берилиум. Берилиумот е нестабилен атом и се распаѓа за 3 × 10-16 секунди. За ова време потребно е нов атом на хелиум да фузира со берилиумот за да се создаде јаглерод.
    Според професорот по физика Д-р Мајкл Страус, доколку берилиумот се распаѓа побрзо, нема да има време за новата реакција. Доколку се распаѓа поспоро, фузијата на потешките елементи би предизвикало ѕвездена експлозија и невозможност за создавање на потешки елементи неопходни за живот.
    Исто така енергетското ниво на берилиумот и хелиумот (8Be + 4He) е 7.3 MeV над енергетското ниво на стабилниот јаглерод, а за да оваа фузија воопшто биде возможна мора јаглеродот да постои во енергетски возбудена состојба малку над тоа ниво (7.3367 MeV). Долго време не се знаеше за ваква состобја на јаглеродот и британски астроном Фред Хојл во 1954 ја предвиди оваа состојба на јаглеродот. Три години подоцна група научници докажа дека јаглеродот може да постои во оваа возбудена енергетска состојба и тоа баш како што предвиде Хојл на 7.656 MeV.[10] Оваа енергетска „речиси идентичност“ се нарекува резонантно ниво на јаглеродот, а разликата од 0.3 MeV се надоместува со кинетичката енергија на хелиумот и берилиумот во јадрото на ѕвездите (од типот црвен џин) каде температурата е oд редот 108 степени.

    Професорот по астрономија и историја на наука на универзитетот на Харвард, Д-р Овен Гингерич (Owen Gingerich), рекол: Ако резонантното ниво на јаглерод беше за 4% пониско, Јаглеродот немаше да се формира. А ако пак беше за 0.5% повисоко, тогаш речиси целиот јаглерод би преминал во кислород. Без ова изобилство на јаглеродот, ниту ти, ниту јас, не ќе бевме денес тука.[11]

    Продолжува…



    1. Voyager Golden Record
    2. Стивен Хокинг, Кратка историја на времето, 8мо поглавје, стр. 134
    3. Стивен Хокинг, Кратка историја на времето, 8мо поглавје, стр. 140
    4. Steven Weinberg, “A Designer Universe?”, page 237
    5. The Emperor’s New Mind by Roger Penrose, p. 440. Еве и директен линк од предавање каде Роџер го вели тоа.
    6. “Scientific Evidence for the Existence of God” By Michael G. Strauss Ph.D.
    7. http://www.theozonehole.com/ozonelayer.htm
    8. Star Trek-like invisible shield found thousands of miles above Earth. Еве и линк од научната студија.
    9. How hot is Mercury? и Hottest planet ever discovered
    10. http://journals.aps.org/pr/abstract/10.1103/PhysRev.107.508
    11. “Is There a Role for Natural Theology Today?”, Dr. Owen Gingerich
    12. https://www.nasa.gov/topics/earth/features/world_avoided.html