Холивудските лаги за ѓаволот и демоните
Холивуд сака неверниците да ги убедува дека ѓаволот и демоните не постојат, а пак на верниците им прикажува лажна претстава за нив, лажна моќ на ѓаволот и демоните, лажни начини на кои тие напаѓаат и лажни методи со кои треба верниците да се бранат од нив. Зарем не е тоа одлична лукава воена стратегија?
1. Лажната моќ на ѓаволот и демоните

Холивуд ги прикажува ѓаволот и демоните како моќни и страшни суштества, како некои кои имаат моќ само за 1 милиметар помала од Бог. Затоа и при ткн. постапка „егзорцизам“ свештеното лице заедно со Бог се натегаат со ѓаволот 10-15мин, пола саат, цел филм, па се тегнат, влечат, па во неизвесност е кој ќе победи и сл. Каде во Библијата сте виделе вие Исус или апостолите пола саат да се натегаат, пењават, надвикуваат или да мољакаат некој демон да излезе од некој човек? Само кажуваат збор и демонот веднаш дим да го нема. Во посланието на Јаков 2:19 (од Библијата) пишува дека демоните веруваат во Бог и треперат. Кога последен пат сте трепереле од страв за нешто? Епа толку демоните се плашат од Бог.
2. Лажна претстава на ѓаволот и демоните
3. Холивуд нѐ лаже дека ѓаволот личи на некое страшно гадно чудовиште, со рогови, опашка, гребло во раката итн. Но Библијата вели дека тој и неговите слуги се преправаат како ангели на светлината (2 Кор. 11:14, Библијата). Тоа значи дека тие може да делуваат и преку хуманитарци, политичари, „миротворци“, светци, друштва за заштита на жените, хендикепираните, животните, ЛГБТ здруженија, познати глумци, пејачи, пастори, проповедници, монаси, мисионери итн.
3. Лажни методи на заштита од ѓаволот и демоните
Холивуд исто така претставува лажни методи со кои верниците треба да се бранат од ѓаволот. Демек ако му покажеш крст на ѓаволот, тој ќе избега. Да се потсетиме дека ѓаволот го искушуваше Исус и на самиот Голготски крст за да се симне од таму, да не ја плати казната за гревот. Ако не се плашел од Голготскиот крст заедно со Исус на него, зошто мислиш дека ќе се плаши од твоите две стапчиња споени во вид на крст?
Понатмау прскање со „света вода“. Тука се создава мит и култ на осветување на вода, која наводно добива некаква натприродна моќ и со попрскување на опседнатиот – ѓаволот бега од него.
Потоа му читаш на ѓаволот од Св. Писмо и тој аааааа достааа, не можам да го слушам тоааа, ок еве си одам чаоооо. Абе ајде? Ѓаволот го знае Св. Писмо на памет и ништо ново нема да му кажеш ти. Потсети се како ѓаволот го искушуваше Исус во пустината со цитирање пасуси од Св. Писмо.
4. Холивуд: Плаши се и бегај од ѓаволот!
Холивуд исто така нѐ учи дека ние треба да се плашиме од ѓаволот и демоните. Тоа е целта на хорор филмовите. Библијата го вели токму обратното – дека треба да имаме страв само од Бог, а во релација со ѓаволот вели:
„Спротиставете му се цврсти во верата“ (1 Петрово 5:9, Библијата)
„Покорете Му се на Бога; а спротиставете му се на ѓаволот и тој ќе побегне од вас.“ (Јаков 4:7, Библијата)
Забележувате на кого се однесува глаголот „бега“? Тој ќе побегне од вас, а не вие да бегате од него – како што тоа не учи Холивуд. Цврсти во верата значи да не ги веруваме овие лаги кои тука се разобличени и цврсто да веруваме дека Исус има неспоредливо поголема моќ и власт од ѓаволот и во Исусовото име тој инстантно бега со треперење и цвикање.
5. Холивуд: Ѓаволот е Господар на пеколот

Холивуд го претставува пеколот како некое Царство, а ѓаволот како негов господар кој седи на престелот таму со гребло или мешкалка во раката со која тој ќе ги меша луѓето додека се крчаат во казаните со лава. Наспроти ова Библијата вели дека пеколот е еден вид „огнено езеро“ подготвено за ѓаволот и демоните (ев. Матеј 25:41, Библијата). Така што тој прв ќе биде фрлен во дното на огненото езеро, па демоните, па потоа непокајаните луѓе.
6. Единственото и моќно оружје на ѓаволот
Она што Холивуд, многу ретко или никогаш не го спомнува е тоа дека единственото и многу моќно оружје на ѓаволот е: ЛАГАТА. Исус го нарекува лажго и татко на лагата, кој лаже од самиот почеток и дека кога зборува лага – тој зборува од своето (ев. Јован 8:44, Библијата). Секоја интеракција на ѓаволот во Св. Писмо е лага. Зборот ѓавол буквално значи клеветник, измамник. Тој со лага ги заведе и Адам и Ева да го направат првиот грев. И како што постои една вистина и илјадници лаги, затоа и постојат илјадници религии, верувања, филозофии, спиритуални книги, секако тука вклучувајќи ја и пропагадната машинерија на Холивуд со која ѓаволот и демоните ги заведуваат луѓето и ги држат во заробеништвото на лагата, со високо комплексни и систематизирани лаги. Затоа Исус вели: „Ќе ја дознаете вистината и вистината ќе ве ослободи.“ (ев. Јован 8:32, Библијата)
„Господовиот слуга… да ги воспитува со кроткост оние кои се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за полно познавање на вистината, за да се отрезнат од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја исполнуваат неговата волја“ (2 Тимотеј 2:26, Библијата)
Забележете во цитатов дека отрезнувањето од „мрежата на ѓаволот“ се случува во релација со полното познавање на вистината. Оттука следи дека „мрежата на ѓаволот“ е еден вид матрица на лаги кои ги верува човекот.
Ако за нешто можеме да му симнеме капа на ѓаволот – тоа е лагата. Тука му нема рамен. Со илјадници години искуство во теоријата и праксата, со право ја заслужува Исусовата титула: „Лукавиот“. Затоа и сите горни точки се поврзани со лаги за самиот тој и за неговото делување.
Вистина е дека луѓе кои се бават со спиритизам, комуникација со демони, му вршат поклонување или обожавање на Сатаната, можат да бидат и телесно опседнати од демони. Но Лукавиот најчесто опседнува луѓе со лаги. Колку повеќе и подлабоко вкоренети лаги некој човек има – толку е тој/таа поопседнат од ѓаволот, од неговата мрежа. Со тие лаги луѓето наштетуваат и на други луѓе и на самите себе. На пример, опседнатата девојка што стои на балконот и собира храброст да се фрли, таа има неколку ѓаволски лаги засадено во нејзината глава:
- Не сум вредна за љубов
- Не сум вредна за никого
- Никој не ме сака
- Овој живот нема смисла
- Немам причина да продолжам да живеам
- Бог или не постои или не му е гајле за мене
- Итн.
Всадете и вистина во главата на оваа девојка дека таа е вредна за љубов, љубена, дека животот има смисла, дека има причина зотшо да живее, дека Бог постои и ја сака и има план за нејзиниот живот и на тој начин вие сте ја ослободиле од „демонското влијание преку лагите“ и таа нема да се фрли доле, туку со солзи радосници ќе ви се фрли во прегратка.
„Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта.“ (1 Петрово 5:8, Библијата)
Да можеше ѓаволот да „проголта“ било кого, тој немаше да бара. Тој бара луѓе оддалечени од Бог, одалечени од христијанско заедништво, од молитвата и Божјиот Збор, луѓе кои лесно се подведуваат по световните искушенија (страстите, славата, моќта, гордоста), луѓе кои како сунѓер ги впиваат неговите лаги – воглавно емитирани од неговиот омилен храм – Холивуд.
Препораки за слушање: