Дали имало соларна еклипса при Исусовата смрт
Во Библијата пишува дека кога Исус умрел на крстот, настанала 3 часовна темнина сред бел ден. Многу скептици велат дека ова е христијанска измилица. Но интересно е што постојат и нехристијански историски записи за ова чудно затемнување. На пример Самарјанскиот историчар од 1ви век Талус (Thallus) ја забележал оваа темнина и напишал дека тоа било затемнување на Сонцето. Истово го спомнал и грчкиот писател Флегон (Phlegon of Tralles) кој го нарекол ова – најголемото затемнување на Сонцето. Интересното е што и двајцата не ја негирале оваа темнина, туку само се обиделе натуралистички да ја објаснат. Знаеле дека густи облаци не би можеле да предизвикаат таква темнина (а може и не ни било облачно тогаш), па затоа единствено „друго нешто“ што знаеле било затемнувањето на Сонцето. Не знаеле како, кога и зошто се случува овој феномен, но знаеле дека некогаш се случува.
Но денес знаеме и знаеме дека затемнување на Сонцето не може да се случи на полна Месечина. Зошто? Зашто тогаш Месечината е на обратната страна од Земјата, а не помеѓу Сонцето и Земјата. А Пасхата, денот по Исусовото распнување, секогаш се паѓа на полна Месечина. И ова „секогаш“ е без исклучок, затоа што евреите се воделе и се водат по лунарен календар и затоа Пасхата (14ти Нисан) секогаш е на полна Месечина после прва пролетна рамноденица.
Заклучок: Соларна еклипса не можела да биде причина за затемнувањето при Исусовата смрт.
Друга причина заради која што тоа не било можно е фактот што најдолгото затемнување на Сонцето може да трае 7 минути и 31 секунда, а не 3 часа.