Библија

Веродостојност на Библијата

Библијата е колекција на историски книги, има многу наратива и опишува настани кои се случиле во одредено време и на одредени географски подрачја. Па оттука, како и сите стари историски документи и Библијата може да биде изложена на еден историски тест и на текстуален критицизам. Генерално се користат 3 вида на тестирање:

  1. Библиографски тест
  2. Внатрешен тест
  3. Надворешен тест


1. Библиографски тест

Библиографскиот тест се однесува на тоа колку преживеани ракописи се пронајдени од одреден историски документ, нивната датумска близина со оригиналот и нивното меѓусебно сложување.
Повеќе би можеле да се сомневаме во делата на Јулиј Цезар, Аристотел, Платон… отколку во делата на евенгелистите и апостолите. Разгледајте ја внимателно тебелата што следува, обрнувајќи посебно внимание на трите важни елементи на библиографскиот тест:

  • Бројот на расположливите ракописи (преживеани историски документи)
  • Најран преживеан ракопис од делото
  • Нивната датумска близина со случките што ги опишуваат

Табеларна споредба на Новозаветните книги со познати антички дела[1]

Автор (дело) Време на пишување: Најрана копија: Временска дистанца: Број на копии:
Хомер (Илијада) 800 пне. околу 400 пне. 400 години 643
Херод (Историја) 480-425 пне. околу 900 1300 години 8
Тукидид (Историја) 460-400 пне. 900 1300 години 8
Платон (Тетралогија) 427-347 пне. 900 1200 години 8
Демостен (Разно) 383-322 пне. 1100 1300 години 200
Аристотел 384-322 пне. 1100 1400 години 5
Тацит (Анали) 100 1100 1000 години 20
Плиниј Помладиот (Историја) 61-113 850 750 години 7
Јулиј Цезар (Галски војни) 100-44 пне. 900 1000 години 10
Софокле 496-406 пне. 1000 1400 години 100
Светониј (De Vita Caesarun) 75-160 950 800 години 8
Новиот Завет (НЗ) 50-100 114 (фрагменти од НЗ) 50 години Околу:
5,800 грчки
+ 10,000 латински
+ 9,300 други

(сириски, словенски, готски, етиопски, коптски, нубиски и ерменски)
200 (книги од НЗ) 100 години
250 (Скоро цел НЗ) 150 години
325 (Целосен НЗ) 225 години

*Бројката од 5800 Новозаветни ракописи (фрагменти и книги) е превземена од веродостоен извор[2] – Центарот за проучување на Новозаветните ракописи (www.csntm.org) чија цел е дигитализирање на сите познати грчки ракописи на Новиот Завет. Таа бројка секако е растечка бидејќи скоро секоја година археолозите пронаоѓаат нови НЗ ракописи.

Неколку рани ракописи од Новиот завет:[5]
tabela2
Покрај овие 5,800 ракописи напишани на оригиналниот грчки јазик, пронајдени се и уште околу 10,000 преводи од латинската Вулгата и уште околу 9,300 други преводи на коптски, сиријски, старословенски, готски, арапски, ерменски итн. [3] Според текстуалните критичари усогласеноста на овие ракописи е 99.5%[4]
Како што се ширело христијанството така се преведувале и препишувале и Новoзаветните книги. Па така овие ракописи биле распрскани низ три континенти (Европа, Азија и Африка). Имајќи предвид дека тогаш немало телефони, интернет, а единственото превозно средство било коњ или камила, теоретски било невозможно некој да изврши идентична промена кај сите овие илјадници распрскани ракописи, да ги усогласи, хармонизира, додава или одзема од нив. Дури и кога би имало таков обид, тоа не би остаало незабележано.

Понатаму, ранохристијанските писатели (ткн. „црковни отци“) од 2ри до 4ти век, во своите дела цитирале 36,289 стихови од Новиот Завет притоа опфаќајќи гo скоро целиот Нов Завет (кој има вкупно околу 33000 стихови).

Доказ дека Новиот завет е напишан во 1ви век

Има лаици што тврдат дека евангелијата и целиот Нов завет не се веродостојни, бидејќи според нив тој бил пишуван не од апостолите, туку од некои други таму во 3-4ти век. Воопшто не се трудете да побарате аргумент за таквото тврдење, бидејќи ќе ги ставите во незгодна ситуација. Покрај голната табела, еве уште една табела која е одличен доказ дека евангелијата и останатите новозаветни документи си постоеле во 1ви век.

Само христијанските писатели од вториот век (Иринеј, Тертулијан, Поликарп, Јустин, Кирил Александриски, Климент Римски, Папиј, Аристид, Татијан, Кодрат итн.) цитирале од секоја книга од Новиот Завет освен од 3тото послание на Јован (книга која има само едно поглавје и која едноставно немале причина да ја цитираат) Ова е ДОКАЗ дека новозаветните документи навистина биле напишани и завршени во 1-от век (а не подоцна како што некои тврдат) и биле широко употребувани во првите христијански заедници, па затоа и овие ранохристијански писатели од 2ри век можеле да ги цитираат.

Број на Новозаветни цитирања на ранохристијанските писатели[1]

Писател Евангелијата Дела на апостолите Павловите посланија Општи посланија Откровение Вкупно
Јустин Маченикот
(100-165)
268 10 43 6 3 330
Иринеј
(130-202)
1038 194 499 23 65 1819
Клемент Александриски
(150-215)
1107 44 1127 207 11 2406
Ориген
(185-253)
9231 349 7778 399 165 17,992
Тертулијан
(166-220)
3822 502 2609 120 205 7258
Иполит Римски
((170-235)
734 42 387 27 188 1378
Евзебиј Цезариски
260-340)
3258 211 1592 88 27 5176
Вкупно 19,368 1352 14,035 870 664 36,289


2. Внатрешен тест

Внатрешниот тест се однесува на тоа што Библијата вели за самата себе? Дали текстот е усогласен или пак има противречности? Дали писателите биле очевидци на настаните, дали ги изнесуваат информациите од прва рака или втора, трета? Дали може да се забележат лукави мотиви заради кои писателите би лажеле?

Библијата е пишувана во период од 1600 години, од повеќе од 40 писатели, за време од 60 генерации, на три континенти (Европа, Африка и Азија); Писателите биле од најразлични сталежи: цареви, политичари, рибари, овчари, лекари, интелектуалци… во палати и во пустина, во радост и во тага, на слобода и во затвор… а сепак, низ Библијата проткајува неверојатна хармонија и усогласеност на нејзината порака од првата нејзина книга (Битие) до последната (Откровение). Вушност, впечаток е дека, иако писателите се многубројни, Авторот на книгата е еден.

Во евангелијата на пример има различни мали варијации во описот на истите случки во различните евангелија, но она што е важно е дека тие не си противречат. Варијациите се сосема очекувани со оглед на тоа што станува збор за независни извори. Во времето пред да се појават веб страните на весниците и нивните вести беа различни, но не нужно и противречни. Денес тоа е поредок случај бидејќи најчесто новинарите си прават копи-пејст едни од други од веб сајтовите.
Овие мали варијации се силен доказ дека ниту евангелистите, ниту подоцнежните копирачи на нивните текстови не ги потсредувале и хармонизирале евангелијата, туку ги оставиле такви какви што се, прифаќајќи ги и пренесувајќи ги како автентични и веродостојни текстови напишани од апостолите и евангелистите.

Што се однесува до мотивите и кредибилитетот на писателите, во нивните текстови не можете да забележите лукави мотиви и лажење. Историскиот факт што 11 од 12те Христови апостоли маченички умреле заради верата во Исус, е доказ запечатен со крв дека нивните сведоштва се искрени. Во спротивно, кој би умрел за таква чудна лага? Ја нарекувам чудна, бидејќи оној кој пишува вакви лаги кои го загрозуваат неговиот живот, би требало да има силна причина зошто би лажел. Апостолите и евангелистите со нивното сведочење за Исус не добиле ниту материјално богатство, ниту слава, ниту моќ, туку само прогонства, затворања и маченичка смрт. Доколку стануваше збор за 2-3ца, можеби и ќе имаше простор да се посомневаме дека можеби халуцинирале, можеби забегале со паметот, но станува збор за стотици христијани во првиот век кои биле прогонувани и убивани заради верата во Исус. Некои од нив и лично го виделе воскреснатиот Исус.


3. Надворешен тест (Во изработка)

Под надворешен тест се подразбираат надворешните историски извори и археолошки пронајдоци кои ги потврдуваат личностите и настаните во текстот – во случајов Библијата.

3.1. Библиските пророштва

Еден добар надворешен доказ за веродостојноста и божественоста на Библијата се библиските пророштва и нивното исполнување низ историјата. Еве ЛИНК каде што можете да прочитате многу остварени библиски пророштва.

3.2 Археолошки пронајдоци кои ја потврдуваат Библијата


1. Norman L. Geisler & William E. Nix, “A General Introduction to the Bible”, rev. ed. (Chicago: Moody, 1986), p. 408.
2. http://www.csntm.org/News/Archive/2015/3/16/NLGBackground
3. Bruce M. Metzger, The Text of the New Testament; (New York, Oxford University press, 1968), p. 34.
4. A.T. Robertson, An Introduction to the Textual Criticism of the New Testament (Nashville: Broadman Press, 1925), p. 22, а исто така и N.L. Geisler and W.E. Nix, General Introduction to the Bible (Chicago: Moody Press, 1986), p. 365.
5. Превземено од “12-те столбови на христијанската вера“, Документот, од Д-р Иван Грозданов.