Ислам

Евангелието по Барнаба

Муслиманите често се повикуваат на евангелието по Барнаба (Варнава, Барнаби) за кое тврдат дека е “вистинското евангелие“. Тие тврдат дека тоа евангелие го напишал Христовиот ученик Барнаба. Во тоа евангелие има цели поглавја кои го најавуваат Мухамед и речиси целата исламска теологија е проткаена низ него. На следниов линк можете да го погледнете целото евангелие (десно се сите поглавја): www.barnabas.net Во оваа статија ќе покажеме дека оваа книга не е напишана од Христовиот ученик Барнаба, туку е исламски фалсификат кој е направен во 14-15век од нашата ера.

 

Кога е напишана оваа книга ткн. „Евангелие по Барнаба“?


1. За оваа книга знаеме од само 2 пронајдени ракописа кои датираат од доцниот 16ти век. Едниот ракопис е на шпански, а другиот на италијански јазик.[1]

2. Не само што не постојат рани ракописи од ова „евангелие“, туку и никој од раните христијански писатели (се до 16ти век) ништо не спомнал за него, ниту позитивно, ниту негативно, ниту неутрално. Како да не постоело.

3. Спрема Левитскиот закон (Левит 25:10, Библијата), секоја педесета година е јубилејна година за евреите. Во 1300 година, папата Бонифициј 8ми вовел декрет дека јубилејната година треба да се прославува на секоја 100-та година, наместо на секоја 50-та. Следниот папа, Клемент 6ти, повторно вратил по старо и така јубилејната година се прославила во 1350 година. Во целата христијанска историја, само овие 50 години (од 1300 до 1350 година) постоел тој декрет за јубилејната година да се прославува на секоја 100-та година.
Авторот на книгата „Евангелие по Барнаба“ во 82-то поглавје напишал дека јубилејната година сега се слави на секоја 100-та година (види последниот пасус од поглавјето). Тоа е прилично добар аргумент дека авторот живеел и ја пишувал својата книга во периодот од 1300-1350 година.

4. Во 178-то поглавје од „евангелието по Барнаба“ авторот напишал дека постојат 9 неба. Ова е исто како и во книгата „Божествена комедија“ од Данте Алигери кој живеел баш во тој период 14ти век. Данте бил познат поет, а „Божествена комедија“ била исто познато дело и најверојатно му извршило влијание на авторот на „евангелието по Барнаба“ за и тој да пише дека постојат 9 неба.

Муслиманите за да покажат дека ова евангелие датира од 1ви век, велат дека Иринеј (епископ Лионски од 2ти век) го цитирал ова евангелие. Ова е невистина, бидејќи Иринеј никаде не спомнува некакво “евангелие по Барнаба”. Намерно или ненамерно, оној што првично ја изнесол оваа теза се збркал со “Посланието на Барнаба” поистоветувајќи го со муслиманското “евангелие по Барнаба”. Иринеј и сите останати ранохристијански писатели го спомнуваат документот “Посланието на Барнаба”, а не “евангелието на Барнаба”. Посланието по Барнаба е сосема друг историски документ. Во него нема ништо исламско и тој целосно се согласува со останатите евангелија и целиот Нов Завет. Во тоа послание на пример јасно е опишана божественоста на Исус и јасно е пишано дека Исус бил распнат и воскреснал – нешто со што ниту еден муслиман нема да се согласи. Еве ви го и он-лајн посланието на Барнаба.
Меѓу другото таму можете да го прочитате и следново:

“The prophets, having obtained grace from Him, prophesied concerning Him. And He (since it behoved Him to appear in flesh), that He might abolish death, and reveal the resurrection from the dead, endured [what and as He did], in order that He might fulfill the promise made unto the fathers”.

Значи покрај тоа што овде се вели дека Исус умрел и воскреснал од мртвите, се вели и дека за ова пророкувале пророците пред Него.

 

Други показатели дека авторот не бил Исусов ученик од 1ви век

1. Доколку Барнаба бил навистина писателот на ова „евангелие“, тогаш тој, како едуциран евреин, би знаел дека зборот (Христос) е грчки превод на еврејскиот збор (Месија). И двата го имаат истото значење – Помазаник. Но писателот на ова „евангелие“ не го знаел тоа. Во самиот вовед во евангелието пишува:

Dearly beloved the great and wonderful God hath during these past days visited us by his prophet Jesus Christ in great mercy of teaching and miracles…
Превод: Драги возљубени, големиот и прекрасен Бог во овие последни денови не посети преку неговиот пророк Исус Христос во милостиво поучување и чуда…

Но потоа писателот на оваа книга, во 42-то поглавје, јасно пишува дека Исус одрекол дека е Месијата (Христос).
Како може Исус да е Христос, а да одрекува дека е Месијата кога двата збора значат исто? Ова е можно само доколку книгата е пишувана од некој неевреин, а евреинот Барнаба.

2. Во 3-то поглавје од оваа книга пишува дека и Ирод и Пилат владееле во времето кога се родил Исус. Ова е историски неточно, бидејќи Ирод владеел над Јудеја од 37г. пне. до 4г. пне. (кога починал)[2], а Пилат од 26та до 36та година од нашата ера.[3] Вистинскиот Барнаба живеел во времето на Пилат, па како би можел да направи ваква грешка и да мисли да не знае дека познатиот цар Ирод Велики умрел пред повеќе од 30 години?

3. Во 20-то и 21-то поглавјe од оваа книга се зборува за отпловувањето на Исус до Назарет каде што бил поздравен од страна на морнарите од тој град. Потоа тој заминува од Назарет и оди во Капернаум.

Исус отишол во Галилејското Море и откако се смести во бродот, запловил кон својот град Назарет. … Откако пристигна во градот Назарет, морнарите раширија низ градот за сето она што Исус направил … (тогаш) Исус отиде во Капернаум (ев. Барнаба, 20-21).

Постои голема грешка во овој текст. Назарет не бил рибарското село, всушност тој не излегувал на Галилејското море за да би можел Исус со брод да стигне до него. Назарет е околу 14 км од Галилејското море и се наоѓа во ридови на планински венец! Капернаум бил рибарското село каде што Исус пристигнал заедно со учениците, а не Назарет (ев. Јован 6:16-21, Библијата). Назарет и Капернаум биле два града кои Исус често го посетувал со Своите ученици, затоа секој ученик на Исус ги знаел добро овие градови. Сепак, авторот на оваа книга не знаел за оваа едноставна локална географија од тоа време. Тоа е исто како денес некој да тврди дека е од Македонија, а да вели дека Битола излегува на Охридско езеро.

Заклучок: Во оваа книга наречена „Евангелието по Барнаба“ се содржат лингвистички, историски и географски грешки кои не би се очекувале од некој Христов ученик кој живеел во тоа време и на тоа место. Оттука е јасно дека станува збор за подоцнежен фалсификат кој нема допирни точки и основни познавања од Израел во 1-от век.

За повеќе вакви грешки и недоследности кои го издаваат лукавото фалсификување на ова „евангелие“, прочитајте на:
http://www.bible.ca/islam/islam-judas-gospel-of-barnabas.htm
http://answering-islam.org/Green/barnabas.htm


1. https://en.wikipedia.org/wiki/Gospel_of_Barnabas
2. https://en.wikipedia.org/wiki/Herod_the_Great
3. https://en.wikipedia.org/wiki/Pontius_Pilate