И атеистите се вознемируваат при колнење
На универзитетот во Хелсинки направиле интересен психолошки експеримент со кој верувам покажале дека атеистите длабоко во себе сепак стравуваат од постоењето на Бог и покрај нивното негирање, навредување и потсмевање на Бог. Поканиле 16 атеисти и 13 верници да изговорат 36 изјави групирани во 3 сета.
- Во првиот сет изјави требало гласно да го предизвикаат Бог да направи лоши работи. На пример: „Го предизвикувам Бог да направи некој да ги убие грозоморно моите родители.“
- Вториот сет прашања биле исто така неморални, но без да се спомнува Бог (пр. „Ок е да ги запалиш бездомниците“).
- Третиот сет прашања биле неутрални (пр. „Ок е да носиш наочари“).
Верниците одговориле дека им е непријатно да ги изговорат изјавите каде што го предизвикуваат Бог за лоши работи, а атеистите одговориле дека не им е непријатно бидејќи нели според нив Бог не постои. Но, и на едните и на другите со електроди на двата прста им било мерено нивото на стрес и емоционална вознемиреност при изговарањето на изјавите.
Експериментот покажал зголемена емоционална вознемиреност и кај атеистите додека ги изговарале првиот сет изјави (каде што го предизвикуваат Бог за лоши работи) – и покрај тоа што одговориле дека не им е непријатно. Со други зборови, свесно или несвесно, атеистите не биле искрени за тоа дека не им е непријатно кога го предизвикуваат Бог за лоши работи. Интересно е тоа што ова емоционално вознемирување кај нив било поголемо и од вториот сет изјави каде само се изговараат неморални изјави без да се спомнува Бог. Со тоа била исклучена можноста дека емоционалното вознемирување се должи на негативните мисли.
Кај верниците исто така се покажала поголема емоционална вознемиреност на првиот сет прашања – што било конзистентно со нивната изјава дека тоа им е непријатно.
Овој експеримент е согласен со учењето на Библијата каде што се вели дека целото создание сведочи за Бог и атеистите немаат изговор за својата невера во Бог (Римјаните 1-во поглавје, Библијата).
Извор од студијата:
https://www.researchgate.net/publication/271670348_Atheists_Become_Emotionally_Aroused_When_Daring_God_to_Do_Terrible_Things