Библиските пророштва за враќањето на евреите во Израел
Овој текст се оградува од политика, а нема за цел ни да ја фаворизира државата Израел. Целта е да ги прикаже моќта и неотповикливоста на Божјите пророштва во Библијата и нивното остварување, а со тоа да ни даде цврста увереност и за идните Божји ветувања.
Бог ветил дека ќе ги изгони евреите од Израел:
“Ќе направам да им бидат за ужас на сите земни царства, за срам и потсмев, за укор и за клетва насекаде каде што ќе ги изгонам. И ќе испратам врз нив меч, глад и помор, додека не се истребат од земјата што им ја дадов ним и на нивните татковци.” (Еремија 24:9,10, Библијата)
Сличното го потврдил и Исус 40 години пред рушењето на Ерусалим:
“Ќе паѓаат од сечилото на мечот, и ќе ги одведуваат во ропство меѓу сите народи; а народите ќе го газат Ерусалим, додека не се исполнат времињата на народите.” (Исус, ев. Лука 21:24, Библијата)
“А кога се приближи и го виде градот, заплака за него и рече: Кога и ти би сознал, дури барем во овој твој ден, што е за твојот мир! Но сега е сокриено од твоите очи. Зашто ќе дојдат денови за тебе, кога твоите непријатели ќе те опкружат со опкопи, ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни и ќе те срамнат со земјата тебе, и твоите деца во тебе; Не ќе остане, во тебе, ни камен над камен, зашто не го позна времето кога беше посетен!” (Исус Христос, ев. Лука 19:42-44, Библијата)
И тоа навистина се случило. 70та година Ерусалим е под опсада на Римјаните, а потоа и нападнат, запален и срушен до темели. Според историчарот Јосиф Флавиј, загинале околу 1.1 милиони Евреи и преобратеници во еврејската вера, од кои повеќето умреле од глад и зарази, а 97.000 биле одведени како заробеници. Голем број биле испратени во Рим како робови.
Први го газеа Ерусалим римјаните (6 год. – 390 год.), па византијците (390-611), арапите (636-1099), крстоносците (1099-1291), па пак муслиманите (1260–1517), отоманците (1517-1920), па од 1920 до 1948 Палестина е под Британскиот мандат. Но тоа не е се.
Бог ветил и дека ќе ги врати евреите во Израел
Ова пророштво почнало да се исполнува во 1870г. со создавањето на Ционистичкото движење и конечно се исполни во 14 Мај 1948 година.
“Зашто еве доаѓаат денови – зборува Господ – и ќе ја изменам судбината на Својот народ во Израел, во Јудеја – зборува Господ – и ќе ги вратам во земјата што им ја дадов во наследство на нивните татковци.” (Еремија 30:3, Библијата)
„Ќе ја свртам судбината на Мојот народ Израел: ќе ги обноват разурнатите градови и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе им го пијат виното, ќе ги засадат градините и ќе го јадат нивниот плод. Ќе ги посадам во нивната земја, и никогаш веќе не ќе се откорнат од земјата која им ја дадов,” вели Господ, твојот Бог.“ (Амос 9:14-15, Библијата)
„Не бој се, зашто Јас Сум со тебе. Твоето потомство ќе го доведам од исток и ќе те соберам од запад. Ќе му речам на север: ‘Дај ми го!’ а на југ: ‘Не задржувај го!’ Доведи Ми ги синовите од далеку, а Моите ќерки од крајот на земјата“ (Исаија 43:5-6, Библијата)
Евреите биле поттикнати да се враќаат во Израел од од ционистичкото движење коe било создадено на крајот од 19ти век. За време на првиот алијах (искачување), помеѓу 1882 и 1903, околу 35,000 евреи се преселиле во она што денес е Израел. Помеѓу 1904 и 1914, околу 40,000 евреи се сместиле во Јужна Сирија (вториот алијах). Помеѓу 1919 и 1923, нови 40,000 евреи пристигнале во Палестина (третиот алијах). Помеѓу 1924 и 1923 пристигнале околу 82,000 евреи (четвртиот алијах). Помеѓу 1929 и 1939 година, под притисокот на нацизмот во Германија, нови 250,000 евреи пристигнале во Палестина (петтиот алијах). Повеќето од нив т.е. 174,000, пристигнале помеѓу 1933 и 1936 кога Хитлер дошол на власт и го започнал холокаустот на евреите т.е. нивното геноцидно убивање.
„Кој слушнал такво нешто? Кој видел такво нешто? Може ли земјата да биде населена во еден ден? Дали може народ да се роди одеднаш? А штом ги почувствува болките, Сионката* роди синови!“ (Исаија 66:7-8, Библијата)
Во периодот околу Втората светска војна, кога за време на холокаустот 6 милиони евреи биле убиени, многумина се сомневале дали евреите ќе преживеат како народ, а камо ли пак да оформат држава. Но за кратко време, на 14ти Мај 1948 година завршил Британскиот мандат над Палестина и во истиот тој ден евреите ја прогласиле новоформиранта држава Израел и прогласиле независност. Уште истата вечер САД го призна Израел, а 3 дена потоа и СССР.
(Извор: http://en.wikipedia.org/wiki/History_of_Israel)
До сега не е познат етнички народ што опстојал повеќе од 2 милениуми без своја држава, при тоа раселени низ целата Земја, неасимилирани од другите народи и после најголемата своја геноцидна криза (холокаустот) да оформи држава. Но ете, библиските пророци, водени од Божјиот дух, ја предвиделе таа моќна Божја промисла за евреите.
Вака вели Бог за Себе и Своите пророштва:
“Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам се што Ми е по волја!” (Исаија 46:10)
“Минатите настани ги навестив одамна, излегоа од Мојата уста и јас ги објавив; Направив брзо и се збидна. Затоа веќе тогаш ти навестив, ти јавив пред да се збидне, за да не речеш: Мојот кип го направи тоа, мојот делкан лик и одлеаниот идол заповедаа така! ” (Исаија 48:3-5)